Игротека

Што мајките им велат на децата, а што всушност мислат?

Мајчинската љубов е немерлива. Мајката за своето дете ќе направи  сè на светот. Но, постојат ситуации и кога нејзините ангелчиња ја доведуваат до лудило. Сепак, и тогаш мајката ќе најде вистински и нежен збор иако во себе размислува нешто сосема друго.

Ова се најчестите реченици што ги изговараат мајките, а зад кои се кријат мисли со сосема поинаква содржина:

1. Кога мама вели: „Можеби“.
Во главата на мама најчесто е едно големо НЕ.

2. Кога мама вели: „Ќе видиме“.
Сите мајки знаат дека всушност тоа значи: „Па, никогаш“.

3. Кога мама вели: „Играјте си потивко“.
Мама всушност мисли: „Престанете да зборувате, ми ги дупнавте ушите“.

4. Кога мама вели: „Изгледаш многу убаво во облеката што ја одбра“.
Мајките имаат сто работи на памет, но во овој момент мислат: „Барем нешто си навлекол на себе пред да заминеме од дома!“

5. Кога мама вели: „Каде си го чул тоа?“
Сите знаат дека мајките секогаш се во право и она што всушност сакаат да го кажат е: „Тоа се целосно погрешни информации!“

6. Кога мама вели: „Еден ден ќе бидете благодарни за тоа“.
Иако мајките сакаат да ја повторуваат оваа реченица, она што навистина сакаат да го кажат е: „Се надевам дека ќе заборавите сè што се случило!“

7. Кога мама вели: „Дали може мама да има малку приватност во бањата?“
На мама понекогаш едноставно ѝ треба малку време за себе и она што сака да го каже е: „Мама со задоволство би испила чаша вино на мир!“

8. Кога мама вели: „Дали мислиш дека тоа е добра идеја?“
Без претерувања, мислата на мама е: „Ова е најлошата работа што некогаш сум ја чула!“

9. Кога мама вели: „Душо моја, тоа е прекрасно!“
Никој не може да ги обвини мајките што во овие моменти често мислат: „Јас сè уште немам поим што зборуваш, но ти звучиш одушевено, па јас целосно те поддржувам“.

10. Кога мама вели: „Бидејќи јас така реков!“
Всушност, мама не знае што друго би кажала и во тој момент во себе мисли: „Дефинитивно ја губам битката, тоа е мојот конечен аргумент“.

11. Кога мама вели: „Само момент!“
Мама во тој момент работи десет различни работи и мисли: „Немам намера да се помрднам додека не ме повикаш повторно“.

12. Кога мама вели: „Не ти е топло челото. Немаш температура“.
Никој не може да ја излаже мама. Она што таа всушност сака да каже е: „Стани, облечи се и тргни веќе еднаш на училиште!“

13. Кога мама вели: „Прашај го тато“.
Мама горделиво ги трие рацете во себе и мисли: „Сега нему му е редот да биде негативец“.

14. Кога мама вели: „Звучиш исто како Бијонсе!“
Понекогаш искрените мисли на мама се послични на ова: „Боже, те молам моето дете да има барем еден талент!“

15. Кога мама вели: „Те сакам!“
Секоја, ама баш секоја мајка во себе ја кажува истата реченица: „Не постои апсолутно ништо на светот што би можела да го сакам повеќе од тебе!“

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top