Воспитување

Што кога детето го фаворизира едниот родител?

Зошто моето дете повеќе ја сака мама/тато? Дознајте во кои ситуации децата го фаворизираат едниот родител и како да постапите доколку сте отфрлениот или омилениот родител?
Децата го впиваат стресот на возрасните и го покажуваат преку различни проблеми во однесувањето. Постојат многу причини поради кои може да се појави фаворизирање на едниот и отфрлање на другиот родител. Еве неколку препораки и за омилениот и за отфрлениот родител:

Отфрлен родител

Секако дека реченицата „Не ја сакам мама (тато) или ја сакам мама/тато“ не ви е пријатна, но имајте ги на ум следниве работи.
1. Не сфаќајте лично
Нашата љубов кон децата ни е природно дадена, па тешко ни е да прифатиме дека речениците како „бегај мама/тато“ не ни се лично упатени.
2. Малите деца живеат во моментот
Затоа, кога ќе ви речат „бегај од мене“, тоа значи дека во тој момент не сакаат да бидете покрај нив, а не засекогаш.
3. Децата ви веруваат
Малите деца немаат страв да ги одбиваат родителите од причина што се сигурни во нивната љубов.
Како родител чие дете го отфрла, вие имате можност да се усовршувате, да бидете зрел родител, самоуверено да се издигнете над проблемот и да не го сфаќате лично. Може да употребите и хумор во одредени ситуации, на пр: „Знам дека едвај чекаше татко ти денес да те бања, но тој е зафатен, па ќе морам јас, знам, тоа навистина е тажно“. Во вакви ситуации не е дозволен сарказам.
Ако детето добило напад на бес, обидете се со следнава метода што ја користи една мајка:

Кога детето нè отфрла, ние мора херојски да ја поднесеме таквата ситуација зашто ние сме му модел на однесување. На тој начин му ги всадуваме следниве мислења што ќе ги има за нас:
– Моите родители се силни личности и не ми се плашат.
– Лутината и разочарувањето се чувства кои безбедно можам да ги изразам во нивно присуство.
– Моите родители имаат граници кои треба да се почитуваат.

Омилен родител

Како и отфрлениот родител, и омилениот мора да биде храбар и одлучен во одредени ситуации, на пр., желбата детето да се бања само со омилениот родител, односно вие. Тогаш може да му кажете: „Те слушам, сакаш јас да те бањам, но моментално не сум достапен/а. Тато/мама може да те бања денес“.

Децата имаат потреба да фаворизираат еден родител кога:

– Имаат потреба да изразат страв, бес и тага
Единствен начин да го решите проблемот е да ги почитувате сопствените граници и истовремено да го охрабрите детето да го искаже своето незадоволство.
– Кога чувствува дека тоа многу му влијае на отфрлениот родител
Кога децата ќе забележат дека тоа не ве допира, многу побрзо и полесно поминуваат низ оваа фаза.
– Родителите не прецизирале граници
Јасните граници можат да помогнат да ги спречите лошите последици од оваа фаза и да му ја овозможите на детето главната улога што ја бара.
– Поповрзани се со родителот со кој поминуваат повеќе време
Кога ќе му дозволиме на детето да не се согласува со нас и кога ќе му дозволиме да ги искажува сите силни емоции, тоа за него е посебно искуство и создава дополнителна поврзаност.
Се препорачува родителот што е отфрлен да почне да учествува во секојдневните активности на детето, како што се бањање, негување, спиење.
– Чувствуваат дека родителот се повлекува
Децата ќе се обидат да ги поместат границите кога ќе добијат потреба да ги изразат чувствата на страв и анксиозност. Кога ќе поставиме јасни граници, им нудиме сигурност за искажување на овие емоции.
Иако улогата на омилен родител импонира, истовремено може да биде исцрпувачка. Тешко е да не му ги исполните желбите на детето кое ве обожава. Но за да одржите некој здрав однос, важно е да направите разлика меѓу „неопходен си ми“ и „ ми требаш“. Дали навистина сте му потребни на детето во ситуација кога сте во бањата, а тоа сака да го облечете?

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top