Постојано внимавање малото дете да не скрши ништо во стан полн со кршливи предмети не е ничија идеја за добро поминато време. Еден родител на платформата „Редит“ се пожалил за вакво слично искуство: куќата на баба и дедо, која не е многу пријателски настроена кон мали деца, со несмасни обиди за дисциплинирање на мало дете.
Корисничката на „Редит“ опишала дека ги носела нејзините деца, на возраст од 1,5 и 3,5 години, во куќата на нивните баба и дедо. Кога постарото дете имало тантрум зашто немало лимонада, бабата и дедото се обиделе да му стават крај на тоа однесување велејќи му дека ако таквото однесување продолжи, на детето нема да му биде дозволено повторно да дојде во посета. Неколку пати го кажале истото и кога таткото на децата ги однел во посета кај нив. По расфрлање некои играчки, таткото и ќерката поминале неколку минути во собирање на сите други играчки и враќање во кутија. 3,5-годишното дете ги пакува во кутијата и тоа е многу позабавно бидејќи повторно ги вади и повторно ги враќа на место. Потоа бабата и дедото велат: „Ако не правите како што ви е кажано, нема да доаѓате повеќе овде!“
Мајката опишува дека нејзиниот сопруг бил вознемирен поради коментарот во моментот и дека дискутирале за пауза од одење кај бабата и дедото, чија куќа секако не била доволно обезбедена за престој на деца. Другите корисници на „Редит“ имаат поделени мислења за темата, некои велат дека семејството треба да се дистанцира од бабата и дедото, а други посочуваат промена на местото на средба.
„Не одете повеќе. Ако сакаат да ги видат децата, нека дојдат во вашиот дом – обезбеден за деца“, пишува во еден од коментарите. Промената на локацијата за посета е меѓу најпопуларните совети. Сугестиите вклучуваат паркови, одење на сладолед или во сопствената куќа на децата. На тој начин бабата и дедото може да уживаат со внуците без да се грижат за нередот.

Други сметаат дека заканата од неодење во посета е помалку поврзана за немањето желба да се видат децата и дека е повеќе фокусирана на некаков обид за воведување дисциплина – подрачје во кое има промени со смената на генерации.
„Не звучи како да сакаат да кажат дека нивните внуци не се добредојдени. Звучи како да искористиле многу лош избор на зборови во обид да ги дисциплинираат вашите деца. Ја разбирам вашата фрустрација со возрасни лица кои имаат нереални очекувања од мали деца“, коментирал друг корисник. Трет коментар посочува обид за помош на бабата и дедото во однос на тоа да го сфатат фактот дека некои коментари може да ги повредат другите луѓе: „Тригодишно дете може да разбере што е кажано, но не може да сфати сарказам, па ќе ги сфати зборовите буквално“.
На крајот, луѓето тврдат колку се важни дисциплината и границите кои ги поставуваат родителите и со децата, и со бабите и дедовците.
Автор: Алекс Хазлет