Една од најпријатните и најубавите работи што можете да ги направите е да го поминете целото саботно утро в кревет, читајќи книги со вашето семејство.

Моли Дефранк, мајка, писателка и блогерка, ова го открила така што на нејзините деца им го скратила времето поминато пред екран. Таа објави искрена и спонтана фотографија од нејзиното семејство како чита книги в кревет едно саботно утро.

Taa објаснува дека забраната за телефон, телевизија и компјутер имала неверојатен ефект врз нејзините деца.

– Фотографијата не е наместена. Пред неколку месеци им го забранив времето пред екран на моите деца. Им имав дозволено еден час дневно, но и покрај тоа, екранот ја стиши нивната креативност, предизвика намуртеност, расправии и жалење. Затоа, буквално ги исклучив екраните. Протестираа некоја минута, а потоа продолживме понатаму. Не ми се верува колку  беше лесно. Сериозно, како да си ги вратив децата назад.

Бев сведок како моите деца зависни од екрани преминуваат во деца што заедно играат, создаваат и прават нивно сопствено „училиште“. Не ми се веруваше колку беше лесно.

По неколку саботи, моите деца се будеа едно по едно и гледаа како јас и мојот сопруг читаме в кревет. Тие ги зедоа нивните книги и ни се придружија. Во рестораните наместо ајпади, носеа книги. Мојата ќерка е подобрена пет нивоа во читањето во период од седум месеци – напиша таа.



912

X