Игротека

Што ќе биде со децата? Она што ќе биде и со тебе

Ова е колумна на српска режисерка и новинарка Маја Узелац за nova.rs.  Таа порачува да бидеме најдобри што можеме

Што ќе биде со децата?

Она што ќе биде и со тебе.

Ако не се дадеш, ни тие нема да се дадат. Ако се предадеш, и тие ќе се предадат.

Ужасно е едноставно, но и ужасно сурово ако си слаб. Нема многу избор: немој да бидеш слаб. Не откажувај се од себе.

Ако се грижиш за децата. Секогаш тврдиш дека се грижиш. Правиш илјада и една работа на мускули за да докажеш дека се грижиш за нив. Но, ако вежбаш за да ги качиш на дрво, таму мораш прво сам да се качиш.

Има милијарда механизми за самооправдување, а по потреба лесно смислуваш милијарда и една. Доволно си паметен за тоа, немој многу да се сомневаш. Она што е тешко, е да ги скршиш механизмите.

Не правдај се. Кажи: „Не сум доволно добар за ова дете, дај да видам како да бидам подобар“.

Со децата тоа мора на суво. На суво – да се откажеш од цигарите ако сакаш тие да не пушат. На суво – да не си цел ден на телефон ако не сакаш и тие да се. Тешко, но не е невозможно. Да најдеш причина за шега со пет денари и убаво време. На суво – да ти се смеат, а ти да се смешкаш. На суво – да гласаш, да зборуваш гласно и да си граѓански непослушен. Да те отпуштат и да смислиш подобра работа за себе. На суво – да слушаш музика и да оставиш да те скрши. Да плачеш и да се смееш пред нив – да знаат дека ни една од тие работи не е срамота и дека без двете не постоиш.

Но – да се смееш пред нив. Да бидеш среќен. Тоа е најголемата лудост. Бидејќи за тоа тука нема премногу причини. Тоа е најголема храброст. Затоа во оваа средина секогаш си казнет.

И повторно, тоа е она што го сакаш за нив, нели? Така постојано велиш.

Тие се угледуваат на тебе. Може да го направат она што ти можеш. Не можат да го направат она за кое ти воопшто не се осмелуваш да го направиш.

Кога тие две работи се вкрстуваат, нема многу простор за компромис.

Значи, мора да се решиш.

Дали ќе имаш дете кое на половина копје го следи животот. Не знае премногу за животот. Не смее да нурне. Никогаш нема да му се случи ништо особено лошо, но и ништо особено добро.

Или ќе бидеш среќен бидејќи ќе се пуштиш. Ќе те гледаат под око, многумина – среќата секогаш е сомнителна. Ќе имаш сила, бидејќи среќата и силата секогаш одат заедно. Ќе имаш дете кое ќе умее да се пушти.

Но, доаѓа потешкиот дел.

Детето се пушта.

Детето ја крши ногата. На детето му е скршено срцето.

Ти гледаш со стиснати заби бидејќи тоа е сè што можеш да направиш. Гледаш и чекаш да се собере. Тоа е сè што можеш да направиш, тоа е сè што можеш да направиш.

А потоа – повторно ќе биде среќно. Ќе биде храбро. Ќе биде целосно.

Твоето дете.

На кое му даде шанса така што си даде шанса себеси.

Не крена раце.

Ете, толку е едноставно.

Поврзани написи

To top