Конор Кенеди од Мелбурн, бремена со своето прво дете, го променила планот за раѓање неколку дена пред терминот. Нејзиниот гинеколог д-р Питер Јурчевиќ предложил царски рез со мајчина асистенција за таа да се породи со своите близнаци. Предлог кој кај Кенеди предизвикал нервоза, но и возбуда.

„Разликата помеѓу овој и класичниот царски рез е во тоа што како родители повеќе сте вклучени и можете да го видите првиот здив на детето, а не да бидете заглавени зад екран“, истакнала новата мајка. Конор и нејзиниот сопруг Демиан велат дека најголемиот предизвик била менталната подготовка за непознатото искуство. Но, кога дошол денот, адреналинот ја надвладеал ситуацијата.

На 1 септември, во 8 часот и 10 минути, Конор и нејзиниот сопруг влегле во сала во „Френсис Пери Хаус“ во Мелбурн за да ги донесат на свет синовите близнаци. До 8 часот и 26 минути сѐ било готово. 16 минути породување.

„Сѐ се случи прилично исто како и при типичниот царски рез, само што вашите раце се слободни и нема бариери помеѓу вас и вашето бебе, што е многу важно за да можете да сведочите на излегувањето на детето, па потоа да го земете и да го повлечете кон вас“, вели Конор. Во моментот кога ги повлекла нејзините синови, Конор вели дека тоа било чувство на „вистинска еуфорија“. „Беше навистина магично“, истакнала таа. Нејзината најголема грижа била дека таа ќе ја изгуби свеста и дека ќе им го одвлече вниманието на лекарите со сето тоа. Но, тоа воопшто не било проблем. Таа всушност и го опишува искуството како породување без стрес.

фотоизвор: Supplied

Конор објаснува дека да се биде во можност да се видат лицата на медицинскиот персонал за време на целата процедура било неочекувана придобивка. „Наместо да се чувствувам нервозно, јас бев среќна… немав никакви грижи за време на процедурата“.

Исто така, не почувствувала болка. „Чувствувате некои сензации со сечењето, но апсолутно нема болка“, додава Конор.
Конор и Демиа велат дека ако имаат уште деца и треба да се прави царски рез, повторно ќе се одлучат за царски рез со мајчинска асистенција. „Им раскажувавме на пријателите, ако треба да ви прават царски рез, од која било причина, разговарајте со гинекологот за тоа. Не можеме да пренесеме вистински колку е брилијантно ова искуство“.

Но, тие не се сами во искусувањето на оваа процедура. За помалку од еден час подоцна Кејтлин Вокер била друга мајка што се одлучила на ваков чекор. Кејтлин е бабица, па се сеќава на првото породување и чувството на отсеченост од самиот процес. „Се чувствував како бабица во собата, а не како мајката… Овој пат сакав само да бидам мајката, а не здравствен професионалец“. Кејтлин додава дека ѝ била привлечна идејата да знае дека бебињата веднаш ќе бидат ставени на нејзините гради и таа веднаш ќе се поврзе со нив. „Навистина беше интимно чувство“, додава таа.

фотоизвор: Supplied

Раѓањето на близнаците на Кејтлин е одличен начин за завршување на тешката бременост. Ѝ било кажано дека еден од нејзините близнаци има проблеми со развивањето – нешто како хромозомски абнормалности. „За мене, тоа што децата ги имав на градите веднаш по раѓањето беше многу емоционално, особено моето девојче. Кога ќе ви кажат дека можеби има проблем со вашето бебе, кога ќе се роди, само сакате да знаете дека е во ред“.

Кејтлин можела веднаш да види дека бебето е совршено здраво и дека не страда од потенцијалните проблеми од кои стравувале. Иако не планира да има уште деца, вели дека ако тоа се случи, повторно ќе ја практикува оваа процедура. „Се чувствувам привилегирано што можев да го сторам тоа бидејќи многу жени ја немаат таа можност“, истакнала Кејтлин.

Автор: Били Фицсимонс

Извор



912

X