м-р Ивана Урдаревиќ, логопед

м-р Ивана Урдаревиќ, логопед

тел: 078 317-348
е-пошта: ivana_logoped@live.com

Повеќе од авторот

Разликата меѓу неправилниот и патолошкиот говор се гледа во причините

Неправилностите на говорот што настануваат како последица на средината и оние со патолошка основа можат успешно да се коригираат со логопедско-рехабилитациски вежби. Но, добро е да знаеме што е неправилен говор, а што патолошки.

Во некои краеви се зборува онака како што се слуша од радио и телевизија, училиште… со други зборови литературно. Но во некои краеви не се зборува така и тој говор се разликува од оној со кој се напишани учебниците, школските лектири итн. Тие разлики најчесто се забележуваат во акцентирањето на зборовите, мелодијата на изразување, се употребуваат зборови кои само во нивната средина се познати, понекогаш и аграматично. И ако еден ученик со ваков говор дојде во друга говорна средина, може да се случи да биде изложен на потсмев, конфликтни ситуации во новата средина и слично.

Ако детето проговори подоцна од своите врсници, ако говорот бавно и неправилно се развива, ако се појавуваат грчеви при зборувањето, нарушено е дишењето, фондот на зборови е многу сиромашен и не одговара на календарската возраст на детето, сè уште нема развиено реченица, има големи проблеми со граматичките правила,  наведува на тоа дека е во прашање патолошки неразвиен говор

Од гледна точка на „правилен-неправилен“ говор во оваа ситуација ќе речеме дека ова е неправилен говор споредено со литературниот македонски јазик. Но не станува збор за неправилен говор кога се гледа од аспект на тоа дека се употребува во одредена средина. Така, ќе кажеме дека станува збор за неправилен говор, но од гледна точка на „неправилен – патолошки“ нема да кажеме дека е патолошки. Имено, луѓето во таа средина зборуваат на тој говор и малото дете научило така да зборува. Тоа така и било стимулирано да зборува од раѓање до поаѓање во училиште во средината во која растело.

Ако детето проговори подоцна од своите врсници, ако говорот бавно и неправилно се развива, ако се појавуваат грчеви при зборувањето, нарушено е дишењето, фондот на зборови е многу сиромашен и не одговара на календарската возраст на детето, сè уште нема развиено реченица, има големи проблеми со граматичките правила, наведува на тоа дека е во прашање патолошки неразвиен говор.

Ако говорот на детето/личноста се разликува од оној на неговите сограѓани во смисла да привлекува внимание кон соговорникот поради отежнатото вербално комуницирање, ако станува збор за тешкотии кога е невозможно школување – за таков говор ќе речеме дека е патолошки.

Разликата меѓу неправилниот и патолошкиот говор се гледа во причините. Неправилниот говор е производ на социо-лингвистичките фактори, но нема патолошка основа, додека патолошкиот говор, покрај овој фактор, може да е резултат и на патогени фактори поврзани со личноста.

Најчести говорни нарушувања се:

1.Неправилен изговор на гласовите (дислалија)
2.Пелтечење (балбутицио)
3.Проблеми со јазикот (аграматизам и сл.)
4.Нарушување при читањето и пишувањето (дислексија и дисграфија)
5.Нарушување во гласот (дисфонија).



912

X