Една мајка објавила трогателна објава на нејзиниот профил на „Тик-ток“ објаснувајќи што дефинитивно ќе ви треба ако чекате момче или веќе имате мало синче. И не, не се работи ниту за играчки, облека, корисни и едукативни книги.
Како што вели гордата мама, тоа е најобична, најмала вазна за сите глуварчиња, бели ради и сите оние цвеќиња, тревки што ќе ви ги наберат вашите малечки.
Затоа, задолжително набавете си ваква малечка вазна, за оние најслатки подароци од срцето на вашите синчиња кои сакаат да ви покажат колку ве сакаат.