Звучи чудно што жените можат да бидат бремени без да знаат за тоа, но тоа се случува, иако ретко. Ваквите бремености се нарекуваат криптични или скриени, а трудниците во овој случај ги немаат вообичаените симптоми.
Во повеќето случаи жените уште при првите симптоми на бременост прават тест за да проверат дали се или не. Но, тоа не е секогаш така, како што е случајот со Американката Никол Патрик, која осум месеци не знаела дека е бремена бидејќи ги немала вообичаените симптоми на бременост.
Оваа 39-годишна жена дознала дека е бремена дури во осмиот месец од бременоста, а кога дознала што е во прашање, била во шок. За бременоста дознала кога отишла на преглед во болница, па кога ѝ рекле дека е во блажена состојба, се шокирала.
Инаку, таа има синдром на полицистични јајчници, состојба која може да го отежне зачнувањето, што е уште една причина зошто не се посомневала дека е бремена.
Навраќајќи се на претходните осум месеци од нејзината бременост, таа вели дека всушност имало знаци дека е бремена, но не знаела дека тоа се симптоми на бременост. Таа сега верува дека едноставно ѝ било судено да не знае дека е бремена, но смета дека тоа е најдоброто нешто што ѝ се случило. Набргу откако дознала дека е бремена, Никол ја родила ќерката Софија.
– Никогаш не сум била бремена, па едноставно не ми паднало на памет дека е така. Само кога направија ултразвук во итната медицинска помош бев во целосен шок, почнав да плачам. Поради емоциите, мозокот ми работеше како луд, размислував за многу нешта, од тоа дека ќе ми треба здравствено осигурување до пренатална нега, дека мојот живот никогаш повеќе нема да биде ист поради здравствените проблеми што ги имам. Навистина верувам дека беше судено да не знам дека во мојот стомак имам мало девојче – вели таа.
@nicolepatrick26 Welcome to the beginning with this story…it’s just getting started. #IDidntKnow #Pregnant #CrypticPregnancy #PregnantLife #NewMom #BusinessOwner #Lifetime @TheBeautyBarAndLounge @tlc @Officiallifetime @Discovery ♬ original sound – NicolePatrick
Што е криптична или скриена бременост?
Звучи чудно што жените можат да бидат бремени без да знаат за тоа, но тоа се случува, иако ретко. Ваквата бременост обично се нарекува криптична или скриена, а трудниците во овој случај немаат никакви симптоми кои укажуваат на бременост или заморот и мачнината се толку благи, што мислат дека имаат стомачни проблеми.
Според експертите, постојат неколку причини за скриена бременост.
– Примарната причина за скриената бременост се хормоните. Ајде да погледнеме некои од физиолошките причини зошто една личност може да има таква бременост. Ако таа неодамна била бремена или неодамна се породила, може да биде потребно извесно време за хормоните да се вратат во редовни циклуси. Во текот на тој период, или додека мајката дои, може да почне да овулира без да знае, што може да резултира со скриена бременост. Слично на тоа, перименопаузата може да доведе до неправилни хормонски циклуси и да предизвика таква бременост. Стресот влијае и врз хормоните, така што силниот стрес може да ги наруши нормалните симптоми на бременоста. Ниското телесно масно ткиво може да предизвика и хормонална нерамнотежа, што може да предизвика бременост без симптоми. Синдромот на полицистични јајчници, кој предизвикува неправилни или продолжени хормонски циклуси, исто така може да предизвика криптична бременост – објаснуваат експертите.
Постои и секундарна, поретка причина за криптична бременост која се нарекува „негирање на бременоста“, што се случува кога личноста психолошки верува дека не е бремена, и покрај тестовите кои покажуваат дека е бремена.
912