„Што е емотивен багаж?“ – ова се зборовите со кои почна првиот училиштен ден во едно училиште во САД. Наставничката Карен Лове, која има 22-годишно работно искуство, реши да им помогне на своите ученици да го надминат стресот. Кога ја објави својата активност на „Фејсбук“, повеќе од 500.000 луѓе ја споделија објавата, а експериментот беше направен од наставници од други земји, вклучувајќи ги Австралија, Кина и Пакистан.
Замислете дека поминувате 6-7 часа дневно во канцеларија каде што не можете да одите во тоалет без да побарате дозвола, а вашите колеги се смеат секојпат кога шефот ќе каже нешто за вас. Речиси секој ден треба да се грижите за тоа дека не сте ги подготвиле вашите извештаи навреме и мора да правите здодевни задачи. Баш вака изгледа училиштето за повеќето ученици. Истражувањата покажуваат дека 2 од 3 ученици се досадуваат на часовите, а многу ученици постари од 8 години се несреќни.
Исто така, тие имаат проблеми во семејството, така што нивниот емоционален товар станува премногу голем. И тие не се секогаш подготвени да ги споделат своите проблеми со другите.
Карен Лове откри начин како да го реши овој проблем. Таа одлучи на учениците да им даде лекција слободно да кажат кои се нивните грижи, а тоа ја направи атмосферата во училницата подобра.
– Им реков да напишат на ливче хартија што им пречи, што им е тешко на срцето, што ги повредува итн. Ова беше анонимно, им кажав да не го пишуваат нивното име на ливчето. Потоа ги истуткаа ливчињата и ги фрлија низ просторијата – вели Карен.
Следно, по ред, учениците земаа ливчиња и читаа што пишува. Одлуката дали да му кажат на класот за тоа што пишува во пораката зависеше од самите деца.
Работите што ги напишале учениците ја шокирале Карен. Некои од децата зборуваа за смртта на нивните роднини, за ракот, за разводот на родителите, некои зборуваа за самоубиство, дрогирање и нивните семејства. Многу од децата плачеа кога ги читаа маките на другите деца затоа што нивниот емотивен товар бил толку тежок.
Откако биле прочитани сите ливчиња, Карен им рекла на учениците дека не се сами и дека се сакани. А потоа ги стави ливчињата во кеса, а кесата ја стави на вратата како потсетник дека сите ние имаме емотивен товар.
По експериментот, Карен рече дека децата почнале да се однесуваат со поголема почит едни кон други. Не се прекинувале додека зборувале, не биле некултурни и почесто го изразувале тоа што го чувствувале.
912