Воспитување

Што да ѝ купите на новата мајка – 7 корисни предлози

Реченицата „Јави ми ако нешто ти треба!“ можеби е кажана со најдобри намери, но кога сте окупирани со грижата за новороденче, сè што навистина сакате е некој да знае што ви треба. Затоа тим од искусни родители составил список со испробани идеи што ќе ја развеселат секоја нова мајка и навистина ќе ѝ помогнат во првите, хаотични денови со бебето.

Храната е секогаш добра идеја

Ако планирате да донесете готов оброк, слободно испратете порака и прашајте дали сакаат нешто посебно. Инаку, подгответе здрави оброци или едноставно наполнете кеса со грицки што можат да се јадат со една рака. Новата мајка ќе биде благодарна за енергетските колачиња, јаткастите плодови и сувото овошје за да ѝ дадат сила за време на долгите ноќни доења.

Не заборавајте на хидратацијата

Хидратацијата е често занемарен, но клучен дел од грижата за новите родители, особено за мајките што дојат. Смути, свежо цедени сокови и газирана вода се одличен избор. Исто така, не заборавајте на хидратацијата на кожата. Породувањето може да биде исцрпувачко, а хидратантните лосиони и балсами можат да ѝ помогнат на мајката повторно да се чувствува малку подобро во врска со себе.

Пелени и марамчиња

Никогаш не можете да има премногу. Прашајте ги новите родители која марка пелени и марамчиња ги претпочитаат и снабдете ги со нив. Ќе добиете дополнителни поени и ако смените пелена за време на вашата посета.

Производи за постпородилно закрепнување

Закрепнувањето по породувањето не е шега и потребни се разни материјали што брзо се трошат. Донесете ѝ на мајката крем за брадавици, перинеална пена, гаќички за еднократна употреба или влошки со хамамелис за да ѝ покажете дека ви е грижа. Важно е да се обрне внимание дали имала вагинално породување или царски рез за да можете да ги донесете вистинските производи што ќе ѝ помогнат да закрепне.

Мали работи за нега што живот значат

Во првите денови по породувањето може да биде тешко за мајките да се чувствуваат свои. Подгответе мала кошничка со едноставни производи за нега што ќе ѝ помогнат на мајката да се грижи за себе помеѓу хранењата. Хидратантен балсам за очи, сув шампон и хранлива маска за усни можат да направат голема разлика.

Свежо цвеќе за поубав ден

Цвеќето веднаш го разубавува секој простор. Дури и ако мајката има пребирливо бебе кое ја бара сета нејзина енергија, барем ќе има свеж букет за да гледа во нешто убаво, додека постојано го ниша и смирува своето малечко. Ако сте загрижени за поленот – сувото цвеќе е исто така во ред.

Корисни подароци за бебе

Размислете за практични подароци. Марама за носење на бебето ќе ѝ даде на мајката слободни раце и блискост со бебето. Меките пижами или ќебето за повивање се исто така одличен избор, бидејќи никогаш не може да има доволно вакви практични работи. Можете да се одлучите за подарок сет со основни материјали за новороденчиња за да се олесни преминот на бебето од утробата во надворешниот свет.

Извор

Поврзани написи

To top