Кога планирате патување со деца, не само што треба внимателно да испланирате која дестинација најмногу ќе одговара, кое време, што треба да спакувате, туку треба да земете и патничка аптека со вас.

Секогаш е подобро да се подготвите однапред за некои непредвидени ситуации затоа ви носиме список со работи кои треба да ги внесете во патничката аптека.

Што треба да се спакува во патничката аптека

-Лекови за ублажување болка и намалување на телесната температура, како парацетамол или ибупрофен за деца. Дозата на лекот зависи од возраста на детето, затоа секогаш прочитајте ги упатствата пред да му дадете на детето каков било лек или побарајте совет од експерт ако не сте сигурни за дозата.
-Супозитории за намалување на температурата доколку патувате со бебе.
-Пробиотик.

-Антихистаминици за ублажување на алергиски реакции и чешање.
-Маст или крем за убоди и каснувања.
-Капки за нос.
-Соодветна количина препишани лекови што се користат за постојна здравствена состојба, во однос на тоа колку денови престојувате на одмор – на пример, инхалатори или пумпа за астма.
-Раствор за рехидратација во случај на дијареја или повраќање.
-Комплет за прва помош.

Извор



912

X