Децата на возраст над три години веќе свесно користат пцости и непристојни зборови. Тоа станува многу непријатно за родителите кога се случува во нивна околина, а тогаш е многу важно да бидете смирени за потоа дома, насамо со вашето дете, да го кажете вашиот став за таквите непристојни или навредливи зборови. Можеби детето сака на овој начин да го привлече вашето внимание или да ја покаже својата моќ.

Прашајте го детето каде го слушнало зборот. Направете го тоа сосема смирено, без да му ја покажете вашата емоционална реакција. Можеби детето слушнало сосема поинаков збор кој го артикулирало на тој начин.

Следете го начинот на кој комуницирате во вашето семејство. Ако некој од вас користи пцости во разговорот, тогаш не е фер да барате детето да ги избегнува овие зборови и во тој случај детето користи преместување, односно казнето е поради недоличен збор кој го користело, а кој воедно него некогаш му се упатува.

Најдете ги изворите од кои детето слуша такви зборови и ако е можно, обидете се да го „неутрализирате“ овој извор ограничувајќи ја комуникацијата или просторот на движење на детето доколку оттаму се учи таков начин на комуникација.

Објаснете му на вашето дете дека ви е непријатно да слушате такви зборови, дека не ви се допаѓа кога луѓето го кажуваат тоа. Како на пример: „Не ми се допаѓаат такви зборови“, „Нашето семејство не вели така“, „Не сакам да слушам такви зборови“, „Овие зборови се непристојни, можат да навредат некого.“

Никогаш не смејте се на таквите зборови, во спротивно ќе му покажете на детето дека лош збор ве прави среќни, а детето ќе продолжи да го користи за да ве насмее. Не условувајте го, не засрамувајте го бидејќи на тој начин ќе му покажете колку е важно тоа што го кажало тој збор и ќе го натерате да посака постојано да кажува такви зборови за да предизвика ваша реакција повторно и повторно.

Најдобро е да се преправате дека детето воопшто не го кажува таквиот збор. Ако не обрнете внимание, тогаш за ден или два детето ќе го заборави зборот.

Ако сè уште продолжи така да зборува, јасно и сликовито со пример нацртајте го секој од зборовите на еден голем лист хартија и секој од покажаните знаци пречкртајте го со црвена боја во знак на неодобрување. Воедно претставете неколку убави збора како благодарам, те молам, извини, те сакам итн. кои ќе ги штиклирате со зелена боја и ќе ги поттикнувате како пожелни и учтиви зборови.



912

X