Воспитување

Што да очекувате од вашето девојче кога ќе добие помал брат или сестра

Психолозите тврдат дека колку и да се зближат браќата и сестрите, новиот член на семејството сепак е шок за постарото дете, а тоа ќе го забележите во неговото однесување. Психолози ги проучувале врските и „ефектот на најстарата ќерка“, а според нив, се чини дека повеќето постари сестри растат во одговорни, послушни, грижливи и остроумни луѓе.

Сè се менува кај првороденото дете кога ќе пристигне второто дете во семејството. Пред тоа вашето девојче било центар на светот. Сите ја носеле со себе и ѝ угодувале, а и се грижеле само за неа. Во новонастанатата ситуација постарото дете мора повторно да си го најде своето место во семејството.

Кои се разликите во однесувањето на постарото дете?

Многу девојчиња се приспособуваат. Тие разбираат како треба да постапат и како треба да се однесуваат за да продолжат да бидат сакани и ценети. Тие стануваат „добри девојки“. Тие сакаат да им помогнат на своите родители, да развијат инстинкт да ги забележуваат работите околу нив, а потоа да се обидат да направат нешто корисно. Преземаат одговорност, прво за себе: „Не грижи се, мамо, можам сама да се облечам“, а потоа: „Не грижи се, мамо, јас ќе се грижам за нив“. Тие преземаат одговорност, а трудољубивоста и послушноста стануваат нивна втора природа.

Стануваат практични

Поради грижата за другите, постарите девојки стануваат практични личности. Можеби не се иницијатори за забава, но прераснуваат во повнимателни жени кои сериозно се сфаќаат себеси, луѓето и животот. Тие стануваат силни жени!

Денот кога единицата станува најстара ќерка е моментот кој ја става на поинаков пат каде што ќе стане одговорна и внимателна жена на која ќе сите сметаат.

Автор: Радмила Илиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top