Воспитување

Што да не им зборувате на жени кои се обидуваат да забременат

Проблемите со зачнувањето се реални и многу парови се борат со тоа. Некои имаат проблем кој треба да го решат пред да забременат, додека има и такви што од некоја непозната причина едноставно не можат да забременат. Во секој случај, исчекувањето може да биде многу емотивно, а коментарите на луѓето се многу остри.

Понекогаш дури и блиските луѓе кажуваат реченици кои не се корисни, па дури и можат да нè повредат.

Не треба да им ги кажувате овие работи на паровите што се обидуваат да имаат дете:

– Само опуштете се, тоа ќе се случи кога ви е судено.

Иако сите знаеме дека стресот е клучен фактор, зборовите како овие не можат да помогнат, туку само создаваат дополнителен притисок.

– Мојата пријателка отиде на вештачко оплодување и успеа, а и вие ќе успеете.

Иако имате добри намери, споменувањето други луѓе и нивните приказни не помага.

– Спонтаниот абортус е ужасен, но барем знаете дека можете да забремените.

Иако се обидувате да кажете дека таквите тешки работи имаат добри страни, тоа навистина не помага.

Извор

Поврзани написи

To top