Игротека

Што да направите кога ве нервираат туѓите деца?

Нашите деца понекогаш можат да нè изнервираат, но тогаш знаеме дека можеме да реагираме, и најчесто го правиме тоа. Но, што кога станува збор за туѓи деца? Како да реагираме и дали воопшто треба да реагираме?

Многу работи можеме да издржиме кога станува збор за нашите деца. Понекогаш сме толку многу трпеливи, а другпат воопшто да не сме, но горе-долу успеваме да се воздржиме. А ако не успееме да се воздржиме, тоа се наши деца, можеме да ги доведеме во ред ако претераат. Но, што да правиме кога станува збор за туѓите деца?

Понекогаш туѓите деца можат да нè извадат од такт. Имаме внатрешна потреба да ги доведеме во ред, како што знаеме и умееме, и да им објасниме зошто нивното однесување не е во ред. Сепак, понекогаш само ги игнорираме, го проголтуваме тоа што нè вознемирува во тој момент и продолжуваме понатаму. Не е наш проблем.

Освен што понекогаш туѓите деца нè нервираат со некој вид непријатно однесување, понекогаш само не сме навикнати на нив. Можеби се многу гласни, многу активни, или можеби се премногу невнимателни.

Психологот Мејтју Моранд вели дека овој проблем е многу чест, па затоа ги сподели своите совети.

Размислете за ситуацијата од другата страна

Стратегијата на Моранд е едноставна – размислете како би се чувствувале ако сте во истата ситуација.

– Кога би броел колку пати ме удрило дете во авион, можеби би можел да ги тужам родителите за трауматска повреда на мозокот. Но, дали и моите деца не биле тешки во некои ситуации? Како можам да се налутам на тоа дете кога и јас бев во истата ситуација од другата страна?

Важно е да се сетиме дека децата се, исто така, луѓе и можат да имаат лоши денови како и секој друг. Ако се однесуваат на начин што ви се чини „иритирачки“, можеби имале тежок ден на училиште или се скарале со пријател.

Размислете дали проблемот е во детето или во родителот

Понекогаш родителите не се свесни за однесувањето на своите деца. Но, што е со оние што немаат деца?

– Фокусирајте се дали родителот е свесен за однесувањето на своето дете. Можеме да му оддадеме признание на родителот за тоа што се труди да го спречи лошото однесување, а ако тој родител се обидува, тоа е најважното – советува Моранд.

Но понекогаш проблемот не е во децата. Понекогаш родителите се сосема несвесни за ситуацијата или не ги интересира што прават нивните деца.

Но, никогаш не ја знаеме целата приказна. Можеби родителот поминува низ некој тежок период или можеби се бори со некаков здравствен проблем.

Следете го правилото на 3 чекори за да ја смирите вашата фрустрација

Како да не ги изгубите нервите? Психологот Шира Шварц има трик кој може да помогне.

  1. Игнорирајте

Тоа е тоа. Понекогаш децата едноставно бараат внимание, па најдобро е да ги игнорирате.

  1. Пренасочете

Ако имате можност, насочете го вниманието на детето кон нешто друго. Можеби ќе видите нешто интересно, можеби можете да му дадете некоја мала задача на детето да се чувствува важно.

  1. Откажете се од желбата да бидете родител

Не мора да бидете родител на тоа дете – освен ако немате такво „овластување“ од родителот. Но, тоа не значи дека треба да молчите. Важно е смирено да кажете: „Не ми се допаѓа што правиш и би било убаво ако престанеш.“

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top