Плачењето на бебето е начин на кој тоа ни ги соопштува своите потреби, но исто така може да изгледа како да плаче без причина. Не е секогаш лесно да се дешифрира плачот на бебето, но ако се обидете да го нахраните, му ја смените пелена и сето тоа не помага, а детето нема температура или нешто слично, можете да кажете дека плаче без причина.

Еве што можете да се обидете направите за да го смирите вашето бебе во такви случаи.

Дајте му нешто да цица

Утврдивте дека не е гладно, но можете да му дадете играчка што може да ја стави в уста и да ја цица бидејќи цицањето го нормализира пулсот, го опушта стомакот и го смирува. Цуцлата може да помогне, но може да помогне и играчката за гризење која детето може да ја држи во устата.

Ставете го бебето на градите

Бебињата се навикнати на топлината и сигурноста што ја чувствуваат во утробата на нивната мајка. Затоа, кога плачат без причина, добро е да ги завиткате во ќебе или да ги држите до градите за да ја почувствуваат таа топлина и сигурност што им треба толку многу во првите месеци од животот.

Пејте или пуштете музика

Бебињата сакаат музика и ритам. Пејте им, од приспивни песни до вашата омилена песна. Пуштете некоја оптимистичка музика и пробајте различни песни, додека не ја пронајдете музиката што најмногу му се допаѓа на вашето бебе. Некои истражувања покажуваат дека некои бебиња многу брзо се смируваат ако танцувате додека ги држите в раце. Ритамот и движењата се многу смирувачки и понекогаш дури и ги заспиваат.

Исто така, некои бебиња се смируваат кога ќе слушнат звук на проточна вода, звук на правосмукалка или фен за коса.

Изведете го бебето на свеж воздух

Изложувањето на малку свеж воздух е добра идеја. Излезете во вашиот двор или пред куќата неколку минути и видете дали тоа ќе го смири бебето. Уживајте во заедничкиот момент, покажете му ги на вашето дете небото, дрвјата, автомобилите и околината.

Капете го

Како и ладниот воздух, топлата бања треба да го смири вашето бебе. Можете да го држите в раце и само нежно да го испрскате со тушот. Сепак, не форсирајте ако забележите дека не му се допаѓа тоа.

Прошетајте

Кога ништо не помага и се чини дека вашето бебе плаче без причина, подигнете го и прошетајте го наоколу или обидете се да го нишате, бидејќи ритмичките движења на чекорење или нишање може да помогнат и да го смират.

Масирајте го

Повеќето бебиња уживаат да бидат допирани, галени и масирани од нивната мајка. Може да се обидете со тоа кога вашето малечко плаче – нежно масирајте го. Важно е само движењата да бидат бавни и нежни, тоа ќе биде доволно за да го утешите.

Направете пауза

Бебешкиот плач кој трае и се чини дека не престанува што и да направите е голем стрес и за вас. За среќа, како што расте детето, овие епизоди стануваат поретки, но дотогаш не заборавајте да се грижите за себе и за своите нерви.

Затоа, кога вашето бебе плаче, а вие сте пробале сѐ што можете за да го смирите, обидете се да се смирите себеси – затоа што само ако сте смирени можете да го утешите и вашето дете. Вдишете длабоко, пуштете ја омилената песна и потсетете се дека оваа фаза на плачење ќе помине.

Извор



912

X