Односот на децата во семејството е една од најголемите грижи за родителите. Најдете време и простор да бидете сами и поразговарајте со вашиот брачен партнер за тоа каков меѓусебен однос сакате да имаат вашите деца во сегашноста, но и во иднина. Вашите излагања напишете ги во потточки на еден лист хартија и направете анализа колку вашите визии се совпаѓаат или не. Потоа договорете се што треба заедно и доследно да примените за да го постигнете и поттикнете она што го посакувате меѓу вашите деца, на пример: договарање, емпатија, активно слушање и сослушување, заштитување едни со други, помагање и делење, меѓусебно споделување на работите во домот.
Во тој контекст ќе прецизирам неколку кратки, но важни совети.
ИЗБЕГНУВАЈТЕ:
– Споредување на децата.
– Казнување на детето со поизразен темперамент.
– Наградување на издавањето меѓу децата, како на пример: „Ѝ кажав на мама што направи и си добив чоколадо поради тоа.“
КОРИСТЕТЕ:
– Натпреварувачки игри деца против родители. Стимулирајте сојузништво меѓу нив.
– Насочување едни кон други (бато нека те научи како се вози тротинет, како се црта автомобил и сл.).
– Никогаш не бидете судија и оставете ги сами да се справат меѓусебно сè додека не им е потребна ваша помош.
ВАЖНО: Со децата треба внимателно, од нивното детство зависи нашата старост.
Запомнете, никогаш не е предоцна да промените нешто.
912