Воспитување

Што беше магично во вашето детство? Одговорите на ова прашање ќе ве замислат

Во денешното време каде што секој го снима секој момент, каде што секој се обидува да им го покаже тој момент на сите и да споделува со што повеќе луѓе што прави со своето семејство, многумина чувствуваат притисок да направат што е можно повеќе со своето семејство. И тоа е исто толку напорно колку што е и заморно. Дури и кога не можеме, се трудиме да покажеме дека можеме. А во целиот тој процес, имајќи ја на ум мислата дека правиме сѐ за да ги направиме нашите деца посреќни, поисполнети, за да имаат убави и вредни спомени.

Но, дали децата навистина се грижат за тоа, за тие големи, помпезни патувања, гестови и дали тоа им ги создава најважните и најубавите спомени? Иако многумина би одговориле на ова прашање со „да“, вистината можеби не е таква каква што ни се чини.

Емили Венер, мајка на две деца од Индијана, на своите следбеници на својот профил на „Тик-ток“ им го поставила прашањето: „Што го направи вашето детство магично?“

Добила навистина голем број одговори или коментари на тоа прашање, а речиси сите го потврдуваат истото: малите нешта се важни. Во видеото што го снимила потоа Емили признала дека буквално плачела додека го читала секој од коментарите, кои биле повеќе од 700. И тие коментари, вели таа, ги поделила на три групи.

На прво место се – малите нешта.

-Тоа се работи како кампување во дворот или кога родителите ве изненадуваат со патување во хотел кој е буквално веднаш до вашата улица. Главната работа во детството беа мирисите, на пример, печените колачиња. Или испеаните песни. Еден еден напишал дека најдобро сеќавање му е песната што му ја пуштал татко му пред да одат на излети – песната! А не излетите!“

На второ место би биле – обичаите.

-Празнични обичаи, роденденски обичаи, но тоа не мора да бидат големи работи, туку како сте се чувствувале за време на таквите настани. Малите работи, како појадок в кревет на вашиот роденден, украсен стан на вашиот роденден. Споменати беа и многу магични божиќни обичаи, спиење покрај елката и слично.“

На трето место се чувствата, односно како се чувствувале поради нивните родители, баба и дедо или некој друг.

-Имаше толку многу коментари од типот: „мајка ми беше магија – ќе ме слушаше, ќе си играше со мене и ќе ги правеше сите овие забавни работи и таа беше магична“. Често се прашував дали сè што правам има смисла, но сега знам дека има – емотивно заклучила мајката Емили.

Инаку, дел од коментарите биле следните:

-Многу време поминато надвор и пријатели од соседството, блискост со моите роднини и возрасните, кои од самиот почеток ме третираа како вистинска личност. Мајка ми, исто така, секогаш играше игри со нас заедно на првиот училишен ден, а потоа игравме игри со карти како семејство.

-Кога и да одел на патување со семејството, мојот маж и неговите најблиски секогаш ја пееле песната од „Флинстонови“.

Никој во коментарите не спомнал големи, екстравагантни подароци или скапи патувања. Ваквите спомени од магичното детство се генерално едноставни.

-Она што најмногу ме шокираше е тоа што повеќето луѓе се сеќаваат на малите нешта и начинот на кој се сеќаваат на тие спомени. Колачиња по првиот училишен ден, песната свирена пред секое патување, трчање бос во лето, панделки на вратата за роденден, чувство дека сте навистина и вистински забележани и сакани – изјавила Емили.

Можете да го видите првото видео и сите коментари овде:

Патем, истражувањето спроведено на Универзитетот „Сиракуза“ во Њујорк веќе докажало дека семејните ритуали и рутини се клучни за целокупното здравје и благосостојба на семејството. Прегледот на 50-годишно истражување, објавено во списанието за семејна психологија на Американската психолошка асоцијација, ги нагласува придобивките од повторувањето на одредени активности, вклучувајќи го тука и зајакнувањето на семејните врски.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top