Воспитување

Што ако не го засакам бебето веднаш?

Кога ќе се породат, околу 30% од мајките не чувствуваат веднаш приврзаност кон детето. Понекогаш тоа е поради исцрпеност од породувањето, поради стрес или умор, но сите тие чувства и стравови се само привремени. Нема причина за страв!

Ако вашето бебе е предвреме родено и треба да помине извесно време во инкубатор, обидете се да поминувате што е можно повеќе време со него. Најновите истражувања покажаа дека контактот кожа со кожа на родителот е најдобрата терапија за предвреме родените бебиња.

И да, љубовта се развива со текот на времето. Ако сте со вашето дете во првите часови по раѓањето, бебето ќе ве погледне в очи и ќе го запамети вашето лице или (замаглена верзија од вашето лице). И тој контакт претставува почеток на вашето зближување.
А кога вашето дете ќе наполни седум месеци, ќе создаде силни емоционални врски со вас и со другите важни луѓе во вашиот живот. Детето ќе ги сака луѓето што го држат в раце кога плаче и кои го хранат кога е гладно. Ќе му недостигате кога нема да ве гледа, а ќе биде среќно кога ќе се вратите.
Без разлика колку пати е кажано, секогаш вреди да се повтори: невозможно е да го разгалите детето со љубов, грижа и нега. Кога го сакате вашето дете и се грижите за него, создавате доверба и љубов што ќе трае цел живот.

Поврзани написи

To top