Многу жени во својот живот биле сметани за „половина жени“ само затоа што не се мајки, како искуството со бременоста да е она што ја дефинира жената. Надминувањето на табуто за неуспешно мајчинство, иако не целосно, сепак е присутно, а се јавува и друг проблем во женскиот универзум – мајчинскиот инстинкт.

Општеството никогаш не ги штеди жените, а тие различни инсинуации не доаѓаат секогаш само од машкиот универзум. Темата мајчинство е тешка и комплексна, а можеби ова културолошко наследство кое го носиме со нас доаѓа токму од верувањето во присуството на мајчинскиот инстинкт. Таквиот импулс кој во одредена точка ги поттикнува жените да посакуваат да имаат дете е истиот кој би генерирал еден вид несвесен прирачник за управување и грижа за најмалите. И дали тој инстинкт е оној што креира уште еден дополнителен притисок врз жените, бидејќи ако навистина постои, како може некоја жена да не ја чувствува желбата да стане мајка?

Од научна гледна точка, мислењата се спротивставени, како што се и чувствата и личните искуства на единствените протагонисти во оваа приказна – жените. Многу студии го доведоа во прашање постоењето на мајчинскиот инстинкт или во секој случај не зборуваа за ова како за нешто кое не може да се поврзе со сите тие верувања и обичаи за мајчинството и жените. Едно од гледиштата е на Дејвид Катс, автор на есејот  „Има ли такво нешто како мајчински инстинкт?“ од 1979 година. Но, верувањето дека овој инстинкт, кој се однесува на женскиот универзум, е универзално вкоренет во општеството, се покажува преку дефиницијата на терминот во речникот „Ларус“: „Исконска тенденција што создава, кај секоја нормална жена, желба за мајчинство и откако оваа желба ќе се задоволи, ја тера жената да се грижи за физичката и моралната заштита на нејзините деца “.

Но, што е со сите оние жени што не чувствуваат нежност или емоција за идејата да држат дете во своите прегратки? Зошто тие би требало да се сметаат за неприродни луѓе? Според социологот Лаура Кипнис, мајчинскиот инстинкт е само социјален изум кој има корени во периодот на индустриската револуција, историски момент во кој децата биле скапоцен ресурс за работа. За да се потенцира непостоењето на инстинктот, може да се слушне и Ејми Блекстоун, професор по социологија на Универзитетот „Мејн“, која тврди дека не сакаат сите жени да станат мајки, ниту пак ја имаат сите жени таа желба.

Фразите се предодредени да ги тераат луѓето на дискусија, но вистината за нив се согледува во искуствата на директното интересирање. Понатаму, дали е добро да се земе предвид дека нема ниту еден научен доказ кој може да го потврди постоењето на инстинктот: па дали е ова тогаш само социјално прашање? Според Блекстоун – да, природниот инстинкт повеќе е поврзан со културата отколку со природата, а родител се станува преку учење, и тоа е еднакво и за мајките и за татковците. Она што е сигурно е дека не може да се игнорира и фактот дека многу жени го имаат тоа длабоко чувство и желба за добивање дете. Но, изгледа јасно дека желбата не е ексклузивно поврзана со жените преку биолошка компонента, колку што е повеќе психолошка и продолжена и кон татковството.

Автор: Иларија Бараброса

Извор



912

X