Дете од градинка е вистински херој затоа што повикало Итна помош откако слушнало силно тропање – што било резултат на паѓањето на неговата баба, која била задолжена да го чува.
Џејмс Гарсија бил дома со својата баба Роза. За медиумите го изјавил следното: „Слушнав звук од удар и тоа беше баба ми, која падна“. Всушност, на жената ѝ требала итна медицинска помош.
Тој точно знаел што да направи. Го зграпчил телефон и повикал 911, па сите што биле во спасувачкиот тим коментирале колку бил смирен и храбар при повикот.
Кога повикал помош, тој рекол: „Не знам што се случува со баба ми… се плашам“.
Николас Вилсон бил првиот човек од спасувачкиот тим и рекол дека бил изненаден кога видел мало дете на вратата. „Ми рекоа дека има некој таму и ѝ помага на баба си… Не сфатив дека е толку млад“, изјавил тој.
Додал и дека овој инцидент докажува колку е важна едукацијата. „Продолжете да нѐ слушате кога доаѓаме во училишта и на други настани бидејќи тоа докажува дека обрнувањето внимание и слушањето функционира. Ова дете ѝ го спаси животот на својата баба“, рекол тој.
За неговото брзо размислување и неговата храброст, Џејмс ја добил наградата за млад херој од пожарникарската служба во округот Оринџ. Кога го прашале што сака да прави кога ќе порасне, Џејмс рекол дека сака да биде пожарникар. И дефинитивно е на добар пат да го оствари тој сон.
Бабата Роза додала: „Го сакам целото мое семејство, но внукот е мојот број еден“.
Автор: Аби Бервагер Шриер