Се сомневате дали сте идеален татко? Тогаш е време објективно да ја оцените ситуацијата. Сосема е возможно одамна да спаѓате во таа категорија
Ова се шесте знаци што покажуваат дека сте супертатко.
1. Имате шеги што само вие ги разбирате
Во секое семејство има шеги што им се познати само на неговите членови, но на никој друг. Ако само при споменувањето на некоја фраза вашето дете почнува да паѓа од смеење, тоа е првиот знак дека меѓу вас има специјална врска.
2.Често споделувате снимки од детето
Вие го обожавате своето дете и социјалните мрежи го покажуваат тоа. Се гордеете со времето што го поминувате со своето дете.
3.Ја вршите „валканата“ работа
Менувате пелени, ги бришете повраќаниците, го чистите нокширот – тоа е кошмар во реалноста, но сепак имате сила сѐ да направите како што треба. Зошто? Затоа што сте грижлив татко.
4.Ги познавате другарите на вашето дете како прстите на раката.
Ова ги прави родителите поспокојни.
5.Му читате на детето пред спиење
Тоа е една од најинтересните работи по работниот ден на која со радост ѝ го посветувате времето. Дури понекогаш и заспивате во детската соба, кога приказната ве обзела и вас.
6.Другите мајки ѝ завидуваат на вашата жена
Тоа е одличен показател дека добро се справувате во улогата на татко. Завидливите погледи на другите мајки се јасен знак дека вие сте идеален татко.