Сознанието дека очекувате близнаци може да биде шок, а замислете какво изненадување доживеала една мајка кога открила дека не очекува еден, туку два пара близнаци.
Ешли Нес признала дека на почетокот била шокирана кога дознала дека воопшто е бремена. Две недели подоцна била на рутински ултразвук и дознала дека нешто необично се случува.
– Бевме само јас и техничарката, таа седеше и ме снимаше, а потоа напиша „А Б“, па ја погледнав и прашав: „Чекај, чекај, носам ли близнаци?, „Хм, душо, носиш четири бебиња“, изјавила Нес за американските медиуми додавајќи дека била уверена оти ќе се онесвести.
Тоа не бил крајот на изненадувањата. Нес подоцна дознала дека всушност очекува два пара идентични близнаци: две момчиња и две девојчиња. Шансите за зачнување со два пара идентични близнаци во една бременост се 1 на 70 милиони.
Бебињата ќе му се приклучат на семејство кое веќе има четири деца, ќерката која ја има од претходната врска и трите деца на нејзиното момче Вал, сите на возраст од 7 до 24 години.