Образование

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, позитивните деца најверојатно се заразиле дома, досега 150 се во изолација

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изјави дека состојбата во градинките е стабилна и оти институцијата со која раководи, заедно со Министерството за здравство, будно ја следи. Засега 10 деца и 21 вработен во градинките биле позитивни на коронавирусот, а сите се во добра здравствена состојба. Во изолација поради позитивни случаи се 150 деца. Според министерката, позитивните деца не се заразиле во градинка.

– Ние будно ја следиме состојбата зашто градинките беа првите установи за деца што беа отворени, на некој начин тоа беше првиот чекор за нормализација на општеството во период на пандемија. Досега состојбата во градинките е стабилна. Последната информација е дека од отворањето на градинките досега 10 деца и 21 вработен се регистрирани позитивни и се во добра здравствена состојба. Голем дел од групите што беа затворени поради некој позитивен случај делумно се вратени со работа. Бројот на изолирани деца поради коронавирусот е 150 – рече Шахпаска.

Според неа, децата што биле позитивни не ја стекнале инфекцијата во градинка.

– Тоа го тврдиме врз основа на податокот дека сите членови на потесните семејства се позитивни. Најверојатно инфекцијата ја донеле од дома – нагласи Шахпаска.

Поврзани написи

Деветгодишниот Алек ја претвора љубопитноста во знаење – преку свој јутјуб- канал ги учи децата за вселената и науката

Прочитај повеќе

Од училишна клупа до идна професија: Како да му помогнете на вашето дете да го направи вистинскиот избор?

Прочитај повеќе

Магдалена Ангелевска, специјалист клинички логопед: „Подобро е да се направи навремена процена и да се утврди дека развојот е во рамките на нормалата отколку да се изгуби драгоцено време“

Прочитај повеќе

Виолета Велеска-Чадевска, специјален едукатор и рехабилитатор: „Децата најдобро учат кога се чувствуваат безбедни и сакани, а вашата конзистентна поддршка ја гради нивната самодоверба“

Прочитај повеќе
To top