Воспитување

Видео: Мајката се шокирала кога ги родила близнаците

Шантел Бротон го изненадила целиот свет кога родила близнаци кои имаат различна боја на кожата. Приказната за двајцата браќа, идентични близнаци, не престанува да го фасцинира светот уште од нивното раѓање.

Имено, малите Даниел и Давид воопшто не личат: додека Даниел е црн и со темна коса, Давид има исклучително бледа кожа и златна коса – затоа што е албино. Нивната мајка ја споделила својата приказна со јавноста и истакнала дека по породувањето била изненадена како и сите други.

-Не знаевме за ова кога бев бремена, па затоа беше големо изненадување и неверојатен момент кога првиот близнак се роди со црна коса, а вториот со златна коса. На прегледите докторите ми кажаа дека имам идентични, еднојајчени близнаци – рекла таа.

Испаднало дека Дејвид има албинизам – ретка генетска состојба која се јавува кај еден од 20.000 луѓе. Интересно е што Нигерија, каде што се родени овие момчиња, има највисока стапка на оваа состојба во светот, но сепак е многу ретка.

Мајката објаснила и како реагирал таткото на близнаците, но и дека медицинските сестри истрчале да ги видат бидејќи ни тие не можеле да поверуваат.

-Нивниот татко беше пресреќен и веднаш го нарече Голден (златен). Беше пресреќен кога ги виде. Стоеше повеќе од 10 минути, ги гледаше и велеше дека тие се неговиот најголем подарок досега – рекла оваа среќна мајка која, покрај близнаците, има и постара ќерка.

Извор

Поврзани написи

To top