Игротека

Серена Вилијамс: Родители што во едната рака го држите детето, а со другата работите, ви благодарам што ме инспириравте

Светски познатата тенисерка во својата објава на „Твитер“ им оддаде признание на сите мајки и татковци што успеваат да ја усогласат својата работа со родителските одговорности. Често може да се види Серена Вилијамс како во едната рака ја држи својата едногодишна ќерка Алексис Олимпија, а во другата го држи тенискиот рекет, што е навистина за почит.

Оваа позната тенисерка им искажа благодарност на сите родители што работат напорно со прекрасна порака на „Твитер“ покрај својата фотографија, на која се загрева држејќи ја својата ќерка в раце.

– Доколку тоа значи загревање и истегнување со бебето в раце, оваа мајка ќе го направи тоа. Драги пријатели, вработени родители или, пак, вие што останувате дома, бидејќи е еднакво напорно – ме инспириравте. Слушајќи ги вашите приказни, сфатив дека и јас го можам тоа. Ви се заблагодарувам од длабочината на мојата душа!

 

Оваа изјава предизвика лавина од реакции на одушевени родители на „Твитер“, со пофалби и разбирање.

Инаку, Алексиос Олимпија веќе ѝ стана најголем обожавател на својата мајка – ѝ ракоплеска не само на својата мајка туку и на нејзината тетка Венус Вилијамс.

Малечкото девојче ѝ стана најголема утеха на Серена по неуспехот на теренот. Многу пати откако ја роди својата ќерка раскажува за тоа колку мајчинството ѝ го промени целиот живот.
Спремна е да го балансира мајчинството со нејзината легендарна тениска кариера. Свесна е за тоа дека причина поради која нема друго дете се многуте обврски.
Засега ќе остане инспирирана од сите родители што успеваат во едната рака да го држат своето дете, а со другата да работат.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top