Изолацијата нè зароби во нашите куќи, но тоа не значи дека ја зароби нашата креативност и имагинација. Луѓето наоѓаат начини да избегнат од досадното секојдневие и да тргнат во неверојатни авантури.
Така, едно семејство од Атланта, САД, ја користи уметноста со креди за да создаде прекрасни авантури за своите деца.
Аби Брнс Такер почна да создава серија фотографии на својот фејсбук-профил, прикажувајќи различни забавни ситуации во кои нејзините ќерки комуницираат со цртежите на асфалтот.
– Живееме надвор од Атланта. Имаме четири девојчиња на возраст од 2 до 13 години. Обожавам да фотографирам, главно моите ќерки. Сè почна со едноставен цртеж.
912