Игротека

Селена Гомез сака да има четири деца поради сцена од еден филм: „Тоа ми е сон“

Животот понекогаш нè носи во посакуваниот правец, понекогаш не, а некогаш едноставно мораме да почекаме да ни се остварат соништата. Селена Гомез неодамна гостуваше во поткастот „Пријателите чуваат тајни“, каде што отворено зборуваше за своите планови и желби поврзани со родителството.

Домаќини на поткастот беа нејзиниот сопруг Бени Бланко и блиските пријатели Лил Дики и Кристин Баталуко. Во текот на разговорот се отвори темата за тоа колку деца би сакале да имаат. Додека пријателите се двоумеа меѓу едно и три деца, Селена беше децидна.

„Сакам четири, но ќе видиме што ќе биде“, изјави Гомез, која се омажи за Бланко во септември 2025 година во Санта Барбара.

Како главна причина за оваа желба, Селена ја наведе впечатливата сцена од празничниот филм „Семејниот камен“. Филмот ја раскажува приказната за едно необично семејство кое за Божиќ првпат ја пречекува девојката на својот син, а во него играат холивудски ѕвезди како Дајан Китон и Сара Џесика Паркер.

Гомез забележала дека ликот што го толкува Китон многу ја потсетува на нејзината баба. Таа го опиша филмот како исклучително трогателен и додаде дека една специфична сцена едноставно не може да ја заборави, што ја инспирирало и нејзината визија за сопственото идно семејство.

Извор

Поврзани написи

To top