Здравје

Секундарна неплодност – се јавува почесто отколку што мислиме, ова се причините

За разлика од примарната неплодност, која се дијагностицира ако жената никогаш немала завршена бременост, секундарната неплодност ја означува неможноста да се постигне бременост по барем една претходна бременост. Иако е доста честа појава, секундарната неплодност е тема за која сè уште ретко се дискутира.
Според Клиниката „Мајо“, овој тип неплодност може да биде предизвикан од различни проблеми, вклучувајќи:

-оштетување на јајцеводите што го спречува патувањето на јајце-клетката до матката, проблеми со овулацијата
-лузни на ендометриозата каде што ткивото што ја обложува внатрешноста на матката расте надвор од матката на другите карлични органи
-одредени состојби на матката како што се фиброиди или аденомиоза
-компликации поврзани со претходната бременост или операција
-промени во одредени ризик-фактори како што се возраста, телесната тежина или употребата на одредени лекови.

Имајќи предвид дека повеќето парови не го очекуваат тоа, секундарната неплодност може да биде многу изненадувачка и особено стресна. Експертите објаснуваат дека е неопходно да се побара помош од лекар доколку барем една година се обидувате да забремените безуспешно, а за паровите над 35 години се доволни шест месеци.

Извор

Поврзани написи

To top