Откако дознавате дека сте бремени, едвај чекате да ги почувствувате првите движења на вашето бебе. Во првата бременост, идните мајки често се збунети бидејќи не се сигурни дали тоа што го чувствуваат е нивното бебе или цревата. Навистина е тешко да се протолкува, но првите движења на бебето бремените жени често ги опишуваат како „риба што плива“ или како „благо скокоткање“ во стомакот, меурчиња, пеперутки… Без разлика како ги опишувате, сигурно е дека ќе почувствувате неопислива радост кога ќе сфатите дека тоа е вашето бебе, но движењата можат да ја откријат и здравствената состојба на бебето.
Една мајка ги снимала првите движења на своето бебе од 16. недела, па до оние пред породувањето. Таа ги собрала сите снимки во еден краток филм и го објавила на социјалната мрежа „Тик-ток“.
Ова видео ги воодушеви корисниците на оваа социјална мрежа и брзо стана вирално, а еве што снимила:
Watch on TikTok
Автор: Радмила Илиќ