Секоја година при уписите на првачињата се прават притисоци врз директорите и наставниците кое дете во која паралелка да влезе и кај кој наставник да се падне. Директорите велат дека се обидуваат на секој начин да го испочитуваат системот

Секоја година родителите прават сѐ поголеми притисоци врз вработените во училиштата при уписите за првачињата. Се одбира паралелка, училиште, па дури и со кои другарчиња да падне нивното дете, а работата оди дотаму што се одбира и наставничка. „Оваа наставничка не е добра за моето дете“, „Овој наставник не сакам да ми го учи детето“, „Оваа наставничка ми го учеше првото, па сакам и второто дете“… се само дел од коментарите што ги добиваат директорите на основните училишта.

И покрај притисоците, се почитува системот

Според една одделенска наставничка, која долги години е во образовниот систем, се надминува секоја граница во правењето тензија и притисок при упис во училиште.

– Се фаќаат врски од сите страни, се јавуваат од општина, од министерство… Притисокот најмногу го чувствуваат директорите. Јас лично немам притисок, ама она што го гледам ги поминува сите граници. Нѐ одбираат нас, наставничките, како да сме лубеници на пазар, тоа е неблагодарно. Ние сме во служба на родителите и децата, ама мислам дека заслужуваме малку почит и да се почитува системот. Моментот со фаќањето врски веќе сериозно ескалира – вели учителка од едно основно училиште.

Целиот текст можете да го прочитате на Факултети.мк



912

X