Воспитување

Секој родител има листа „Никогаш нема да…“

Патот на родителството е поплочен со скршени ветувања. Расфрлани парчиња од добри намери. Идеалистични соништа. Колку подалеку патувате, толку повеќе се искачувате кон комплицирани предизвици и тестови. Има работи за кои сте велеле дека никогаш нема да ги направите – сте го кажувале тоа пред да добиете дете, додека сте биле бремени, кога сте го родиле детето, кога пораснало… Ова се дел од нив:

Никогаш нема да…

Го хранам моето бебе со адаптирано млеко. Да дојам по една година. Да имам бебе кое нема да сака да пие од шише.

Никогаш нема да…

Дозволам „ајпад“ да му биде дадилка на моето дете. Или „Прасето Пепа“. Или мојот мобилен, во кафуле, додека зборувам со пријател.

Никогаш нема да…

Го оставам моето бебе да плаче. Да ме држи будна цела ноќ. Да го нишам додека не заспие, бидејќи спиењето исправено е подобро отколку никаков сон. Никогаш нема да го оставам моето дете да јаде чоколада, или обоени лижавчиња, или чипс. Никогаш нема да му викам на моето дете, да го игнорирам, да му велам да замолчи за да имам 5 минути мир.

Никогаш нема да купувам розова облека за женско, сина за машко, да ги облекувам моите близнаци во исто. Да го оставам моето дете да ги носи оние фустани од принцези од полиестер. Надвор од домот, во градинка, на свадба. Никогаш нема да го оставам моето дете да има вошки, или да го испратам на училиште со вошки. Или да бидам мајката чие дете ќе им пренесе вошки на други деца. Нема никогаш да испратам болно дете во градинка. Да му ја ставам раката на чело и да му речам „Добро си, оди“. Никогаш нема да ги лажам моите деца за Дедо Мраз, или за велигденското зајаче или за добрата вила. Или да им велам дека знам што се случува откако ќе умреме.

Никогаш нема да користам лажно име за „интимните делови“ на моите деца. Да ми биде непријатно да зборувам со нив за секс. Или пубертет, или болка, дури и погледот на нивното лице ми го крши срцето…

Никогаш нема да ги минимизирам нивните стравови во текот на ноќта само за да можам да одам во кревет. Никогаш нема да ги оставам да спијат во мојот кревет. Да спијам во нивниот малечок, неудобен кревет заедно со нив. Со месеци. Можеби години.

Никогаш нема да ги оставам децата да играат видеоигри. Да имаат телефон пред 13 години. Да имаат „плејстејшн“, „нинтендо“, „ајпад“, мојот стар телефон или лозинка за „Нетфликс“.

Никогаш нема да му давам претерано лекови на детето, да им дозволувам на другите да го етикетираат моето дете. Да прифаќам совети кои се контрадикторни на она што сум го прочитала на интернет од убави луѓе кои веруваат дека храната може да поправи сè…

Никогаш нема да го оставам моето дете да ме сопре да си го живеам животот. Да ме спречи да одам на патувања за кои отсекогаш сум сонувала. Да престанам да бидам „кул“.

Оставете вашите „никогаш“ да исчезнат, пријатели. Оставете ги да лебдат некаде на добронамерните рамена на друг сонувач кој чита блогови за бебиња, пие зелен, здрав џус и јаде здрава храна. Сите имаат право да се соочат со фактот дека секогаш ќе го прават она што ќе треба во дадениот момент. Што и да е потребно за вашето дете да се смее. За да поминете уште еден ден. За да имате дом кој не е исполнет со стрес. Што и да ви помага за да ја поминете ноќта, пријатели – во ред е.

Автор: Холи Ваинврајт

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top