Воспитување

„Секој ден од нашиот живот оставаме депозит во банката на сеќавања на нашите деца“. Цитати за родителите

Родителството може да се опише на безброј начини. Тоа е најголемиот подарок и најголемиот извор на страв. Сите сакаат да бидат добри родители. Без разлика дали сте на самиот почеток од оваа авантура или веќе имате внуци, овие инспиративни цитати ќе ве насмеат, а можеби и разнежат до таа мера што ќе пуштите солзи. Конечно, важно е да се запомни дека најмудриот глас кога се во прашање вашите деца е оној вашиот – внатрешниот.

Нежни цитати за родителската безусловна љубов

„Кога ќе добиете дете, најдоброто на што можете да се надевате е дека ќе ве отвори целосно. Умот ви се шири, срцето ви станува голема просторија со широко отворени прозорци. Се смеете секој ден, размислувате за иднината и глобалното затоплување. Согледувате колку е убаво да се грижите за некој друг освен само за себе“ – Ејми Полер.

„Мајчинство – тука сета љубов почнува и завршува“ – Роберт Браунинг.

„Да се има дете е слично чувство како и првата љубов од седмо одделение, која ви го обзема целото ваше битие, само што трае засекогаш“ – Кристен Бел.

„Младоста бледнее, љубовта слабее, листовите на пријателството паѓаат, а мајчината тајна надеж надживува сè“ – Оливер Вендел Холмс.

„Можеби не сум во состојба да им дадам на децата сè што сакаат, но им го давам она што им треба, а тоа е љубов, време и внимание. Тие работи не може да се купат“ – Нишан Панвар.

„Сакајќи ги без разлика на нивните способности, им покажуваме дека ни вредат повеќе отколку само како збир на нивните достигнувања“ – Ајлин Кенеди-Мур.

„Постојат само две работи за кои треба да се надеваме дека нашите деца ќе ги наследат, а тоа се корени и крилја“ – Јохан Волфганг Гете.

Позитивни цитати за зајакнување на самодовербата и ведрината во тешки моменти

„Верувајте си себеси. Знаете повеќе отколку што мислите“ – Бенџамин Спок.

„Охрабрувајте ги и поддржувајте ги своите деца бидејќи тие се склони да се стремат кон она што го очекувате од нив“ – Лејди Брд Џонсон.

„Зборовите на одобрување од мајките и татковците се како прекинувачи. Изговорете збор за одобрување во вистинскиот момент на животот од вашето дете и така осветлете ја целата соба полна со можности“ – Гери Смали.

„Секој ден од нашиот живот оставаме депозит во банката на сеќавања на нашите деца“ – Чарлс Е. Свиндол.

„Ништо што правите за детето не е сувишно. Изледа како да не нè забележуваат и ретко ни се заблагодаруваат, но она што го правиме никогаш не е залудно“ – Гарисон Килор.

„Понекогаш сфаќаме дека нашата работа не е да бидеме најдобри родители, каков што отсекогаш сме сакале да бидеме. Работа ни е да бидеме родителот кој на нашето дете му треба, во согласност со посебностите на неговата природа“ – Ајелет Валдман.

„Не постои совршен родител. Само бидете вистински родител“ – Су Еткинс.

Инспиративни цитати за нови родители

„Како што не можете да се подготвите за породување, нема подготовка ниту за првиот момент кога ќе го здогледате своето дете. Би требало да постои песна која жените ја пеат во тој момент или можеби молитва која би можеле да ја рецитираат. А можеби ниту една не постои бидејќи нема толку силни зборови за да се опише тој момент“ – Анита Дијамант.

„Она што е интересно кај родителството е тоа што никогаш не можете да замислите дека детето ќе го сакате повеќе отколку што го сакате во тој момент, пукате од љубов, сакате колку што е можно – потоа се случува да го сакате сè повеќе и повеќе“ – Ен Ламот.

„Донесувањето на одлуката за имање дете е многу важен момент. Тоа значи да одлучите срцето да ви живее надвор од вашето тело“ – Елизабет Стоун.

„Љубовта кон детето е кружна работа, како вид циклуси. Колку повеќе давате, повеќе добивате, а колку повеќе добивате, повеќе имате потреба да давате“ – Пенелопи Лич.

„Во моментот кога се раѓа дете, се раѓа и мајката. Никогаш порано не постоела. Жената постоела, но мајката никогаш. Тоа е нешто сосема ново“ – Багван Шри Раџниш.

„Прегратките нудат неверојатно многу добри работи, особено за децата“ – принцеза Дајана.

„Најдобриот начин да го научите детето да биде добро е да го направите среќно“ – Оскар Вајлд.

„Мајката е глагол. Тоа е нешто што правите, а не нешто сте“ – Шерил Лејси Донован.

Најдобри цитати за родителите кога сакате да се насмеете

„Ако еволуцијата навистина функционира, зошто мајките имаат само две раце?“ – Милтон Берл.

„Од децата можете да научите многу работи. На пример, колку трпение имате“ – Френклин П. Адамс.

„Да се има деца е како да имате студентски дом – никој не спие, сè е скршено и секогаш некој малку повраќа“ – Реј Романо.

Извор

Поврзани написи

To top