Бери Аманте од Давао Сити, Филипини, знаел дека нешто се случува кога неговиот син Кен постојано доцнел од училиште.

Како што минувале деновите, осумгодишното момче се враќало сѐ подоцна и подоцна, без да каже каде било.

Неговиот татко бил механичар и иако понекогаш едвај врзувал крај со крај, секогаш му давал на Кен џепарлак за да го научи на вредноста на работите.

Но, почнал да се сомнева кога забележал дека неговото момче повеќе нема пари. По неколкунеделно набљудување на неговиот син, Бери одлучил да открие што се случува.

Еден ден, кога неговиот син се вратил навреме од училиште, Бери го забележал како повторно зема ранец и излегува од домот. Тогаш одлучил да го следи. Момчето влегло во продавница и излегло со полни кеси. Момчето свртило на крајот од улицата и клекнало за да ги извади работите од својот ранец. Неколку секунди подоцна, се појавиле бездомни животни кои скокале околу момчето.

Загрижен, таткото на момчето почнал да трча мислејќи дека животните сакаат да го нападнат Бен. Но, излегло дека Кен го користел својот џешарлак за да ги нахрани овие бездомни животни.

– Син ми целосно ја промени мојата перспектива – вели Бери.

Кен подоцна му рекол на неговиот татко дека сон му е да отвори засолниште за животни, иако семејството немало пари за да му го оствари сонот.

Откако Бери ја споделил фотографијата од Кен како храни животни на „Редит“, момчето добил огромна поддршка, па успеало да направи веб-страница за бездомни животни.

Неколку години подоцна, момчето успеа да најде објект каде што почна да се грижи за бездомните животни.

Извор



912

X