Корнелија Ѓорѓиеска, доктор по општа медицина

Корнелија Ѓорѓиеска, доктор по општа медицина

kornelija_gjorgjieska@hotmail.com

Повеќе од авторот

Надарено и талентирано дете е поим кој карактеризира дете што покажува можност за изведување извонредно високо ниво на остварување, во споредба со другите дечиња од иста возраст или исто опкружување. Интелектуалната надареност е интелектуална способност значително повисока од просекот. Тоа е карактеристика на особено талентираните деца, што е различно дефинирана. Се смета дека ќе остане да перзистира како особина и во текот на возрасниот живот.

Не постои општо прифатена дефиниција за надареност на децата, но повеќето студии во текот на индивидуалниот живот што ги следеа луѓето со интелигенција покажаа карактеристично високо IQ над 130.
Дефинициите на надареноста, исто така, се разликуваат во културите.

Долги години психометричарите и психолозите, по стапките на Луис Терман во 1916 година, ја изедначуваа надареноста со висок IQ. Ова изедначување перзистира и до денешен ден, така што сè уште надареноста и високиот IQ се изедначуваат во некои поими за надарени способности.
Меѓутоа, други истражувачи (на пример, Рејмонд Кател, Џ. П. Гилфорд и Луј Леон Трстон) тврдат дека интелигенцијата не може да се изрази на таков унитарен начин и предложија повеќе повеќеслојни пристапи.

Истражувањето спроведено во 80-тите и 90-тите години обезбеди доволно податоци кои ја поддржуваат идејата за повеќе компоненти. Повеќето од истражувачите ја дефинираат надареноста во однос на повеќекратни квалитети, кои не се интелектуални.
Резултатите од IQ често се сметаат за несоодветни мерки на надареност.

Мотивацијата, високиот автоконцепт и креативноста се клучни квалитети во многу од овие проширени концепции на надареност.

Општо земено, надарените или напредните деца учат побрзо, подлабоко и пошироко од своите врсници. Можат да научат да читаат рано и да напредуваат на исто ниво со нормалните деца кои се постари од нив. Имаат тенденција да демонстрираат висока способност за расудување, креативност, љубопитност и одличен речник и меморија. Тие честопати можат да ги совладаат концептите со само неколку повторувања. Поседуваат силни лидерски вештини. Секогаш знаат да преземат одговорност и правилно да ги водат останатите деца.
Исто така, тие се и големи перфекционисти, и се засноваат на авторитет. Перфекционизмот се смета дека има многу позитивни аспекти, може да биде уште едно прашање за надарените поединци. Тој е охрабрен од фактот дека надарените поединци имаат тенденција да бидат лесно успешни во голем дел од она што го прават.

Некои знаат да имаат проблеми кога комуницираат со своите врсници поради разликите во големината и широчината на нивниот вокабулар (особено во раните години). Како деца, тие обожаваат да бидат во друштво на постари деца или возрасни. За нив е многу полесно да воспостават комуникација со оние што се повозрасни од нив.

Надарените деца се разликуваат од останатите така што тие често не се пронаоѓаат во околината како останатите деца, често се фокусирани на невообичаени работи, знаат да бидат невнимателни за разлика од другите деца на нивна возраст. Поради сето ова, раната идентификација е важна за родителите да ја разберат причината зошто нивните деца се поразлични од останатите.
Раното откривање на надареноста е многу важно, пред сè, за да може да му се помогне на детето да почне да ги усовршува своите вештини. Во училиштата обично има можност да ги откријат талентите на децата преку IQ-тестови, преку нивно континуирано надгледување и сл.

Сепак, еден од најдобрите проценители за надареноста на детето е родителот!
Родителот може инстинктивно да ја почувствува надареноста кај своето дете.

Надареноста може да се забележи кај поединци во различни точки на развој. Додека раниот развој (т.е. зборување или читање на многу млади години) обично доаѓа со надареност, тоа не е секогаш детерминанта за надареност.

Кај надарените деца често се појавува и  хиперактивност, потребата постојано да зборуваат, да се движат и да истражуваат нови работи. Тие често мислат и зборуваат брзо. Тоа е така поради тоа што се трудат да зборуваат исто толку брзо колку што и размислуваат. Понекогаш стануваат нетрпеливи кога некој во нивна околина зборува и се изразува бавно.

Еден од најголемите проблеми на родителите на надарените деца е нивната нетрпеливост.
Барајте од нив напредок, а не совршенство и продолжете да се обидувате со веќе смислена стратегија (по можност и двајцата родители да се согласат и доследно да ја имплементираат). Обидете се да најдете позитивни начини за зајакнување на соодветното однесување. Многу родители грешат и право скокаат на „Што да правам со него кога“ тој не прави нешто, пред да размислат како да го подобрат она што веќе го прави. Поставете што е можно помалку ограничувања за нив, така што правилно ќе можете да ги развивате односите со вашето најмило. Бидете доследни и следете го континуирано секој нивен напредок. Негативното однесување, саркастичните коментари и строгите казни ќе направат повеќе штета отколку корист.

Секое дете е посебно на свој начин. Тие едноставно го отпакуваат подарокот што го носат во себе во различно време.



912

X