Воспитување

Седум начини да ги вратите вашите деца во вообичаената рутина пред спиење

Ако во последно време ви е тешко да го натерате вашето дете да легне порано, без разлика дали тоа е поради празници, прослави или училишни одмори, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го ресетирате распоредот за спиење на вашето малечко.

Охрабрете го да биде активно во текот на денот

-Физичката активност е поврзана со подобар сон, затоа поттикнете ги децата да прават нешто, како одење на прошетка или играње во парк – советува психологот Линдзи Браунинг.

Таа предлага да ја зголемите изложеноста на природна светлина во текот на денот бидејќи тоа може да го подобри ноќниот сон.

Постепено приспособете го распоредот

-Наместо да очекувате веднаш да се вратите во рутината, постепено поместувајте го времето за спиење за 15 минути секој ден, што ќе го олесни приспособувањето – вели експертот за родителство Џенифер Ворвик.

Изградете рутина за релаксација

-Рутината пред спиење вклучува активности пред спиење. Гледајте лесни содржини, потоа направете топла бања или туш, па читајте или слушајте тивка музика – додава Ворвик.

Избегнувајте сина светлина пред спиење

-Избегнувајте екрани пред спиење бидејќи сината светлина го отежнува заспивањето – објаснува Браунинг.

Без слатки пред спиење

-Чоколадото, кое е богато со шеќер, ја зголемува будноста и нивото на енергија и може да го попречи сонот – советува Браунинг.

Отворете ги завесите во спалната соба наутро

-Ќе им помогнете на децата да се разбудат на природна светлина, која го регулира нивниот циклус на спиење и будење – препорачува Ворвик.

Бидете пример

-Да му покажете на вашето дете како се грижите за вашиот сон е најдобриот начин за да го научите на важноста на сопствениот одмор – објаснува Ворвик.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top