Игротека

Седмоодделенец од Вирџинија во САД му го даде името на новиот ровер на НАСА

Запознајте го „Призервенс“ – новиот ровер на НАСА што ќе оди на Марс.

Новото име на роверот беше добиено по одржаниот натпревар „Именувај го роверот“. Натпреварот привлече повеќе од 28.000 апликации од ученици од претшколска возраст до средно училиште. Од учениците било побарано да дадат предлози за името во есеи.

Фото: NASA

Победничкиот есеј доаѓа од ученикот Алекс Матер, кој е седмоодделенец во Спрингфилд, Вирџинија, САД. Тој сакал да стане инженер во НАСА откако присуствувал на вселенски камп на вселенската агенција.

Алекс го прочита неговиот победнички есеј на официјалниот настан.

– Ние сме вид истражувачи и ние ќе се соочиме со многу предизвици на патот кон Марс. Сепак, ќе издржиме – рече Алекс.

Неговата награда? Покана за него и неговото семејство да бидат дел од лансирањето на роверот во јули во Кејп Канаверал.

Тим од 4.700 волонтери-судии ги намалил апликациите на 155. Потоа НАСА го избрала победникот. Другите финалисти имаа предложено имиња како „Кларити“, „Кориџ“, „Ендјуренс“, „Фортитуд“, „Инџинити“, „Промис“, „Тенасити“ и „Вижн“.

Возилото претходно познато како „Марс 2020“ треба да стигне на Марс во февруари 2021 година. Мисијата на роверот ќе трае две години. Во текот на овој период ќе бара знаци за живот во кратерот „Језеро“, а ќе собира и ќе чува камења и кал од Марс. Другата мисија ќе ги врати примероците назад на Земјата.

Извор

Поврзани написи

To top