Здравје

Седење со свиткани колена – како да го одвикнете детето од оваа положба

Децата едноставно не сакаат да седат правилно. Многу им е подобро кога седат на задникот, додека нозете им се свиткани на страните кај колената. Кога се гледа одгоре, оваа положба е во форма на буквата „W“. Многу родители се прашуваат дали тоа е добро за развојот на нивното дете.

Децата обично ја заземаат оваа положба кога ќе научат да го држат телото исправено без поддршка. За некои деца ова е само привремено, а некои мали деца претпочитаат да седат вака подолго, особено ако горниот дел од телото не е доволно силен.

Зошто децата ја заземаат позицијата „W“?

На децата им се допаѓа оваа поза бидејќи речиси не им е потребна сила во мускулите и многу лесно можат да се свртат и да го движат телото.

Зошто треба да ги одвикнеме децата од седење во таа положба?

– Мускулите на бутовите во оваа положба остануваат затегнати. Кога се предолго во таа положба, тоа може да влијае врз зглобовите, а потоа и врз одењето на детето.

– Бидејќи мускулите на бутовите не добиваат шанса да се опуштат, често има вкочанетост во нив.

– Бидејќи горниот дел од телото не е зајакнат во оваа положба, тој останува многу послаб отколку што треба да биде.

– Еден од главните проблеми е распределбата на тежината. Речиси ништо не се дистрибуира, сè се пренесува на колковите.

Како да ја сменам оваа навика кај детето?

Бидејќи многу деца знаат да се навикнат и постојано да седат така, би било добро да ги одвикнете, па направете го следното:

фото извор: joyin.id

-Масирајте ги мускулите за зајакнување по оваа положба.
-Зајакнување на горниот дел од телото и истегнување со јога-вежби се добра идеја. Оставете го детето да лежи на стомак, а потоа нека го подигне горниот дел од телото, потпирајќи се на рацете.
-Потсетете го вашето дете да ја смени позицијата секогаш кога ќе го видите дека седи на тој начин.
-Ако на детето му е тешко да седи во друга положба, ставете го на стол, каде што ќе треба да седи правилно.
-Оставете го детето да биде активно, да вози велосипед, да оди на пливање, да си игра надвор и на тој начин да ги движи мускулите.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top