Воспитување

Сечење ноктиња без солзи

Окупацискиот терапевт Џасин Керон Санта објаснува зошто децата се плашат од скратувањето на ноктите и дава неколку совети за лесно решавање на овој проблем.
Многу деца помали од 5 години се обидуваат да го избегнат скратувањето на ноктите. Нам, родителите, ни останува да ги разбереме и да се обидеме да го решиме проблемот без стрес.

Зошто децата не сакаат да им ги сечете ноктите?

Постојат многу причини зошто децата сакаат да ја избегнат оваа обврска, а ова се најчестите:
– Децата го гледаат своето тело како целина и скратувањето на ноктите или на косата го сфаќаат како закана.
– Методот на скратувањето на ноктите и звукот на (ноктарчето) може да ги исплаши и да им создаде одбивност.
– Не знаат зошто мора да се кратат ноктите.
– Предметите што се користат за скратување на ноктите им се непознати и застрашувачки.
– Отсуството на рутина на оваа постапка исто така може да биде проблем.

Како да го решите проблемот?

Лесно може да го надминете овој проблем ако му дадете на детето соодветни информации и да пробате некои од понудените трикови:

– Запознајте го детето со ноктите. Покажете му каде се наоѓаат, за што служат, зошто мора да се скратат. Можете да му покажете некаква илустрација или да му демонстрирате на себеси.
– Објаснете му го концептот на сечење на ноктите.
– Ставете ја раката на вашето дете на хартија и прецртајте ја. Потоа исечете ја и дајте му ја на вашето дете, земете ги ножиците или (ноктарчето) и заедно со ваша помош исечете ги ноктите на хартиената рака.
– Навикнете го детето на звукот од ноктарчето и ножиците така што вие или некој член од вашето семејство ќе си ги сече ноктите во негово присуство.
– Можете да направите забавна игра – заедно со детето откријте кој нокт треба да се скрати.
– Некои деца се плашат дека мали парчиња од ноктот може да му влезат во очите. Предложете му на вашето дете да ги затвори очите или да стави очила за сонце.
– Кратите му ги ноктите во период од денот кога детето е опуштено и соработливо.
– Масирајте му ги нозете и рацете пред да почнете да му ги кратите ноктите за да ја намалите чувствителноста на тие делови од телото.
– Пуштете музика за така да го неутрализирате звукот на ноктарчето.
– Бројте до 10 пред секој нокт на глас или исечете хартиена рака и дајте му на детето да става X по секој исечен нокт.
– Практикувајте да му ги сечете ноктите по туширање. Тогаш ноктите се помеки и звукот на ноктарчето нема да биде толку бучен.

Поврзани написи

To top