Воспитување

Ѝ се заканува казна затвор зашто ја оставила 14-годишната ќерка да се грижи за нејзините браќа и сестри

Mелиса Hендерсон, самохрана мајка на пет деца, е обвинета за криминално недолично однесување откако во мај 2020 година му ги оставила своите деца на чување на своето најстаро дете, 14-годишната Линли, кога една градинка била затворена поради пандемијата.

Линли наводно учела и не забележала дека нејзиниот четиригодишен брат Тадеус скришно излегол од куќата кога го видел својот другар надвор и отишол да си игра со него. За 10 до 15 минути Линли забележала дека го нема и го нашла во куќата на неговиот другар на нивната улица.

Мајката на другарчето повикала полиција

Околу две недели подоцна Хендерсон била уапсена пред нејзините деца, според пишувањата на магазинот „Ризн“. Доколку биде прогласена за виновна, Хендерсон ќе се соочи со максимална казна од една година затвор и парична казна од 1.000 долари. Во извештајот за апсење се вели дека на Тадеус можело да му се случи нешто страшно откако заминал од дома.

„Речиси немам зборови за тоа колку лошо се чувствував“, изјавила мајката. „Навистина сум добра мајка и сѐ што правам е за моите деца“.

Кривичната постапка се води веќе две години

Нејзиниот адвокат, Дејвид де Лугас, тврди дека обвинението е неуставно и бара да биде отфрлено. Тој ја цитира пресудата на Врховен суд во Џорџија од 1997 година кој пресудил дека осудувањето на мајка за донесување нормална одлука за родителство е неуставно. Освен тоа, Де Лугас – кој работи бесплатно за семејството Хендерсон – тврди дека упатствата за заштита на децата во Џорџија велат дека децата можат да ги чуваат помалите деца ако имаат 13 години, со дозвола од родителите. Имено, окружниот обвинител Џеф Ленгли рекол дека верува оти полицајците постапиле разумно при апсењето бидејќи Тадеус веќе еднаш бил фатен надвор.

Одделот за услуги за семејство и деца во Џорџија го истражувал инцидентот во тоа време и ѝ дал предупредување на мајката. Тие повторно го испитале нејзиното однесување откако Тадеус ја напуштил куќата во 2020 година. Малку е веројатно дека пресудата ќе резултира со затвор за Хендерсон, вели Ленгли, но тој смета дека би било добро нејзината ќерка да престане да ги чува другите деца. „Ние само сакаме да се погрижиме децата во нашата мала заедница да останат безбедни“, рекол Ленгли..

Автор: Мелиса Коениг

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top