Џена Чипс (29) од Флорида и нејзиниот сопруг Џереми (29) ја примиле радосната вест на 26 август. Тие живеат во странство во последните две години, а веќе некое време споделуваат настани од нивниот живот на „Тик-ток“.

Откако Џена останала бремена и се вратиле во Америка, почнала да зборува за бременоста и промените во нејзиното тело.

За време на бременоста се здебелила 27 килограми

-Ми рекоа дека ќе се здебелам од 11 до 15 килограми за време на бременоста, но брзо ја надминав таа бројка и се здебелив 27 килограми – изјавила Џена.

Таа неодамна објавила видео на платформата, во кое го покажува своето тело пред бременоста и во третото тримесечје. Мислела дека луѓето ќе бидат заинтересирани да го видат нејзиното тело пред и потоа, но никогаш не помислила дека видеото ќе стане вирално и ќе собере повеќе од 1,4 милиони лајкови.

-Постојано гледавме како се крева бројот на прегледи и не можевме да веруваме – додала Џена, која е возбудена што ќе стане мајка прв пат.

@quenchyouradventure She is the squishiest little thing💕 #pregnancyjourney #newbornbabies #pregnantbelly ♬ 10,9,8,7,6,5,4,3,2,1,0 – MY

-Има еден тон коментари за тоа колку сум искрена. Другите коментари не беа толку убави. Некои жени коментираа дека изгледам старо, уморно и исцрпено, дека никогаш не сакале да забременат поради мене. Тие коментари главно се однесуваа на моето тело, но забележав дека многу луѓе се залагаат за мене во делот за коментари и велат: „Тоа е бременоста, оставете ја на мира.

Џена објаснила дека нејзиниот сопруг бил покрај неа цело време.

-Се надевам дека луѓето ќе го сфатат тоа – колку и да се подготвувате за бременоста, никогаш не знаете што може да се случи. Не бидете толку строги со себе. Смешно е колку бев наивна! Лекција од приказната: прифатете го тоа и насмејте се. Научив дека секое тело е различно. Секојпат кога ќе се навратам на фотографиите или видеата, се шокирам од промените – истакнала таа.

Извор



912

X