Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца и е резултат на соработка помеѓу Деца.мк и „Психотерапика“ – здружение за психологија и психотерапија. Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!

ПРАШАЊЕ: Едноставно, нешто се случи и моето дете не сака да оди на часови по англиски јазик. Тоа е дете од 9 години, а течно зборува англиски од својата трета година, што би рекол неговиот поранешен наставник, тоа е дете со огромен капацитет за англиски јазик. Пред извесно време му се смени наставникот и сега има нова наставничка. Не знам дали е до тоа, но тој постојано ми кажува работи за кои не можам ни јас како мајка да сфатам што се случува. Едноставно има некаков страв во очите и плаче. Не знам како да му помогнам, ве молам за совет.

Прашува: Маја

ОДГОВОР: Почитувана Маја, верувам дека вашето дете било многу поврзано со неговиот наставник по англиски јазик. Како што пишувате, било истакнувано и пофалувано. На оваа возраст кај децата се случуваат физички промени во детското тело и тие бараат начини од околината вниманието да биде насочено кон нив. Тие самите се чувствителни на промени и емотивно реагираат.

Наташа Маџевска, психотерапевт

Со доаѓањето на новата наставничка односот е променет и можеби тој се почувствувал загрозен и му треба време да се адаптира на новата личност и нови методи што таа ги преименува. Поразговарајте со наставничката во врска со  тоа како таа да помогне во адаптирањето на вашето деветгодишно дете на новата ситуација и споделете го проблемот. Дајте му на вашето дете два листа со прашања: Што ми е интересно и што сакам на часот по англиски? и Што не ми интересно и што не сакам на часот по англиски? Вашиот син треба да наброи и оттаму ќе видите кои се јаките и слаби страни за неговото одбивање на предметот англиски јазик.

Одговара: Наташа Маџевска, психотерапевт, соработник на „Психотерапика“
е-пошта: nmadzevska@gmail.com psihoterapika@gmail.com

Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.



912

X