Игротека

Сè што сакаш да кажеш за другиот, прво нека помине низ трите сита на Сократ. Тестирајте се!

Размислувате ли пред да почнете некому да му зборувате за некоја друга личност? Тестирајте се себеси така што пред пренесувањето на информациите ќе го искористите ситото на добрината од Сократ.

Сократ важел за мудрец. Еден ден го побарал некој човек и рекол:

„Знаеш ли што сè слушнав за твојот пријател?“

„Момент“, одговорил Сократ, „пред да ми раскажеш би сакал да поминеш еден брз тест. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш поминало низ три сита?“

„Три сита?“

„Да“, одговорил Сократ, „пред да кажеш некои работи за друго лице, добро е да си дадеш малку време и да размислиш за она што сакаш да го кажеш. Тоа го нарекувам тест од три сита! Првото сито е ВИСТИНА. Дали си ја проверил вистинитоста на она што сакаш да го кажеш?“

„Не, не сум го проверил. Не сум видел, само слушнав како зборуваат“.

„Добро! Не знаеш дали е вистина. Да се обидеме повторно: ќе ги поминеме низ сито работите поинаку, сега ќе го земеме ситото ДОБРИНА. Она што сакаш да ми го кажеш за пријателот, дали е нешто добро?“

„Не, напротив! Слушнав дека твојот пријател лошо се однесувал“.

„Значи“, продолжил Сократ, „сакаш да ми раскажеш лоши работи за пријателот, а не си сигурен дали се вистинити. Тоа и не е баш охрабрувачки! Сè уште можеш да поминеш на тестот бидејќи остана ситото на КОРИСТА. Дали е корисно да ми го раскажеш она што го направил мојот пријател?“

„Корисно? Па и не е, не верувам дека би можело да ти користи“.

„Значи“, заклучил Сократ, „она што сакаш да ми го раскажеш не е вистина, ниту е добро, ниту корисно, па зошто тогаш би ми го раскажал. Не сакам ништо да знам од она што си сакал да ми го раскажеш, а и тебе ќе ти биде подобро да заборавиш на сето тоа“.

Извор

Поврзани написи

To top