Родителите од генерацијата З веруваат дека одржувањето на митот за Дедо Мраз е трауматизирачко за децата. Хаштагот „Дедо Мраз не постои“ (#SantaIsntReal), на „Тик-ток“, собрал повеќе од 65,3 милиони прегледи.
Зошто? Причините се различни, но поентата е слична. Современите родители веруваат дека вклучувањето на Дедо Мраз во празничната традиција е неправедно кон нивните деца. Тиктокерот Мет Кругер, во својата вирална објава за оваа тема вели: „Не ги лажеме нашите деца за Дедо Мраз“.
Кругер се присетил колку бил тажен кога ја дознал вистината за Дедо Мраз. Сфатил дека мајка му го лажела, па почнал да се сомнева во искреноста на неговите родители. Исто така, се запрашал и за што друго го лажеле.
„Поставуваме елка и разменуваме подароци, но го славиме раѓањето на Исус. Не го правиме тоа за да славиме човек во црвен костум“, додал Кругер. Тој ги повикал и другите родители да објаснат зошто не ја отфрлиле традицијата за Дедо Мраз.
Во коментарите многумина истакнале дека може да се слават и Дедо Мраз и Исус. Тие го повикале Кругер да не ја уништува магијата на Божиќ за другите деца. Други му велат дека на неговите деца им го краде еден од најубавите делови од детството. Но, од илјадниците коментари на оваа објава, јасно е дека сè повеќе родители го поддржуваат Божиќ без Дедо Мраз.
Watch on TikTok
Младите сè повеќе го следат нежното родителство, модерен стил на воспитување кој децата ги води со добрина и почит, наместо со барања и закани.
-Иако не постои официјален став од нежното родителство за митот за Дедо Мраз, мајките и татковците треба да внимаваат да не ги користат ликовите како оружје. Со други зборови, заканите до децата како: „Ќе го натерам Дедо Мраз оваа година да не ти донесе подароци“, само ќе ја уништи празничната веселба и ќе предизвика стрес кај родителите и децата – изјавила Сара Оквел-Смит, авторка на книгата „Нежно родителство“.
Таа додала дека фигурата на Дедо Мраз може да предизвика долготрајна агонија кај некои деца. „Идејата за осудувачко митско суштество кое гледа сè и ги шпионира децата е прилично трауматично. Не сум изненадена што многу деца плачат кога ќе го сретнат Дедо Мраз“, изјавила таа.
На некои им е полесно да ја избегнат приказната за Дедо Мраз поради тешката финансиска состојба
Во мноштвото коментари на оваа тема се издвојува и еден сосема поинаков став.
„Учењето на децата да веруваат во нешто што не можат да го видат може да поттикне вера во зрелоста“, напишал еден родител.
Во меѓувреме, некој друг споделил уште нешто што треба да се земе предвид кога станува збор за оваа тема.
„За жал, поради финансиски причини, Дедо Мраз не ги посетува сите. Поради ова, некои родители не ги учат своите деца дека тој постои“, објаснил тој.
Јасно е дека родителите од двете страни страстно размислуваат за улогата на Дедо Мраз во животот на нивните деца, што очигледно се заснова на нивните лични искуства и религиозни убедувања.
912