Воспитување

Се пофалил дека неговиот 14-годишен син работи секој ден, па предизвикал жестока дискусија

Еден татко почнал жестока дискусија на интернет откако на неговиот фејсбук-профил објавил дека неговиот 14-годишен син работи секој ден во популарниот синџир за брза храна „Бургер кинг“.

Како што објаснил, момчето работи колку што може, во зависност од денот и другите обврски. Но, немало пауза дури и за време на викендите кога повеќето деца уживаат, а тој рано излегува од дома и се враќа доцна. Исто така, овој татко инсистира на тоа дека неговиот син ужива во секоја минута што ја поминува работејќи.

– Заработува свои пари, штеди за автомобил и е одговорен за неговите одлуки. Станува одговорен млад човек. Не можам да бидам погорд на него. Некои од вас, мрзливи, возрасни магариња треба да научат од него – им напиша таткото на сите оние што го критикуваа неговиот начин на воспитување на детето.

Неговиот пост заврши на „Твитер“, каде што многумина го поддржаа тоа што момчето создава работни навики, додека други инсистираа на тоа дека момчето го губи детството.

Извор

Поврзани написи

To top