Утре ќе почне тестирањето на вработените во градинките за коронавирус, најави министерот за здравство Венко Филипче. Додека трае тестирањето, треба да се прецизираат критериумите за работа на градинките по нивното отворање.
– Ќе се тестираат близу 2.000 вработени. Очекувам дека за околу една недела целосно ќе заврши оваа постапка, а во меѓувреме ќе може да се прецизираат критериумите за нивно враќање во функција – рече Филипче.
Тој најави олабавување на заштитните мерки против коронавирусот, за што ќе дискутира Владата.
912