Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје упатува апел до пациентките што имаат закажано преглед преку „Мој термин“ да се јават само во исклучителна нужда и итна ситуација за да се намали приливот на пациенти, метежот во амбулантите и со тоа ризикот од ширење на коронавирусот.
Апелот особено важи за категоријата пациенти над 65-годишна возраст, кои се со највисок ризик од заразување.
Фото: Фејсбук/ГАК
ГАК ќе прати писмо до матичните гинеколози да ја утврдуваат итноста на пациентите. Служба на ГАК ќе ги информира пациентите за откажување на прегледите.