Воспитување

Се обиделе уште еднаш за девојче, но го добиле осмиот син

Ако веќе имате дете од еден пол, нормално е да посакувате другото да биде од спротивниот пол за да имате искуство во родителство и со син и со ќерка. Но, очигледно работите не се секогаш такви какви што очекуваме или сакаме.

За тоа може да зборува таткото Мајкл Росарио. Тој на социјалната мрежа „Тик-ток“ го покажал својот најнов член на семејството – син, и напишал: „Кога сопругата мислеше дека еден ден ќе има ќерка!“

8 момчиња!

Мајкл и неговата партнерка Јалансија Палмер се родители на Џамел (12), Мајкл Џуниор (9), Анџело (7), Џимани (5), Армани Чуло (3), Синкре (1) и новороденчето Каза, кое има нешто повеќе од 3 недели. Во 2015 година го изгубиле синот Армани. Семејството не е разочарано од својот тим на синови и велат дека секој ден е посебна авантура.

Промашување на кармата

Јалансија објавила посебно видео во кое ја истакнува позитивната страна на ситуацијата. „Мајка ми ми велеше дека не може да дочека да имам ќерка еден ден за да ми наплати за сè што јас сум ѝ направила јас нејзе… На кој од вас, мајките, ви го зборувале истово? Кармата ме пропушти!“, напишала Јалансија.

Watch on TikTok

Автор: Нина Јанг

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top