Игротека

„Се грижам за вашата ќерка, која има инфекција на увото, не се грижам што нема да работите 2 часа“

Пандемијата ги смени нашите животи, а нашите работни места не беа исклучок. Многу вработени се исцрпени поради притисокот на работните места и децата и семејството.

Откако потпретседателката за комуникации Меган Витерспун, која е и мајка на две деца, го сподели својот пост за флексибилна работа на „Линкдин“, многу луѓе сметаат дека таа е пример за работодавец.

Сумирајќи за тоа за кои работи се грижи за вработените, а за кои работи не се грижи, Меган покажа дека грижата за вработените треба да биде во срцето на секоја компанија.

Во продолжение ви го пренесуваме нејзиниот пост:

– Се грижам за тоа дека вашата ќерка е дома со уште една инфекција на увото.
– Не се грижам дека ќе бидете офлајн два часа ова попладне поради одењето на доктор со неа.

– Се грижам што на вашата болна мајка ѝ е потребна нега, а во старскиот дом нема доволно персонал.
– Не се грижам што треба да работите несинхронизирано оваа недела помеѓу оброци, лекови и часови за посета.

– Се грижам дека недостигот на шофери на автобус значи дека немате сигурен јавен превоз за вашиот син.
– Не се грижам ако треба да се вратите на работа подоцна откако ќе го земете од училиште.

– Се грижам затоа што вашето куче повраќа на вашиот килим.

– Не се грижам ако треба да се исклучите од повикот за да го извадите надвор и да го исчистите нередот.

– Се грижам затоа што очајно треба да излезете од домот бидејќи долго време се обидувате да се справите со многу работи.
– Не се грижам ако сакате да работите од канцеларијата неколку дена или од Флорида.

– Се грижам ако не сте го зеле вашиот одмор, бидејќи знам дека ви е потребен.
– Не се грижам ако тоа значи дека ви е потребна помош за да се исклучите без да пропуштите одреден рок.

Накратко…

– Се грижам за вас и за работите за кои вие се грижите.
– Се грижам затоа што сакам да работите квалитетно и вашите перформанси да се на највисоко ниво.
– Не се грижам кога, каде и како ќе ја завршите работата.

Извор

Поврзани написи

To top